Ханс Михаел Франк (германски: Hans Michael Frank) (23 мај 1900   16 октомври 1946) бил германски адвокат кој работел за Нацистичката партија за време на дваесеттите и триесеттите години од XX век и како висок функционер во Нацистичка Германија. Му било судено во Нирнбершките судења за неговото учество во Холокаустот за време на неговата функција како гувернер-генерал во окупираните територии на Полска. Бил прогласен како виновен за смртта на милиони Пољаци и полски Евреи и бил погубен на 16 октомври 1946 година.

Ханс Франк
Hans Frank
Роден 23 мај 1900
Починал 16 октомври 1946

Воена кариера уреди

Септември 1939, Франк е поставен за шев на администрацијата на Герд фон Рундштет во Генералното губернаторство. Од 26 октомври 1939 година, по инвазијата на Полска, Франк станал регионален водач на окупираните полски територии (Generalgouverneur für die besetzten polnischen Gebiete), што се однесувало на оние области во Полска кои не биле директно припоени со Германија (околу 90,000 км2 од 170,000 км2 кои припаѓале на Германија). Во СС го добил чинот Обергрупенфирер.

Поврзано уреди