Водена пареа
Водена пареа (H2O) | |
---|---|
Создавање на водена пареа при вриење | |
Систематски назив | водена пареа |
Течна состојба | вода |
Црвста состојба | мраз |
Својства[1] | |
Молек. формула | H2O |
Моларна маса | 18,01528(33) g/mol |
Точка на топење | 0,00 °C (273,15 K)[2] |
Точка на вриење | 99,98 °C (373,13 K)[2] |
Специф. гасна конст. | 461.5 J/(kg·K) |
Топлина на испарување | 2,27 MJ/kg |
Топлински капацитет при 300 K |
1,864 kJ/(kg·K)[3] |
Водена пареа — гасна состојба на водата. Претставува една од агрегатните состојби на водата во хидросферата. Водената пареа се создава со испарување или со вриење на течна вода, или пак по пат на сублимација на мразот. За разлика од другите облици на водата, водената пареа е невидлива.[4] Под типични атмосферски услови, испарувањето постојано создава водена пареа и истата постојано се губи со кондензација. Бидејќи е полесна од воздухот, водената пареа предизвикува струење на воздушните струења, што доведува до настанок на облаци.
За големата застапеност на водената пареа како состојка сведочи фактот што таа е присутна дури и во атмосферата Сонцето и секоја планета во Сончевиот Систем, но и во многу астрономски објекти како природни сателити, комети, па дури и големи астероиди. Ова веројатно важи и за другите сончеви системи. Нејзината важност во астрофизиката е голема, бидејќи нејзиното присуство може да укажува на присуството на течна вода, а со тоа и на вонземски живот.
Како состојка на Земјината хидросфера и кругот на водата, водената пареа е особено застапена во Земјината атмосфера и претставува моќен стакленички гас заедно со други гасови како јаглерод диоксидот и метанит.
Пареата е значајна за луѓето поради нејзината употреба за приготвување на храната, во енергетиката и превозните средства уште од измислувањето на парната машина за време на Индустриската револуција.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Lide, David. CRC Handbook of Chemistry and Physics, 73rd ed. 1992, CRC Press.
- ↑ 2,0 2,1 Баждарено според средно океанско ниво според Виенскиот срандард (VSMOW) — се топи на 273,1500089(10) K (0,000089(10) °C, а врие на 373,1339 K (99,9839 °C)
- ↑ „Water Vapor - Specific Heat“. Посетено на 15 мај 2012.
- ↑ „What is Water Vapor?“. Посетено на 2012-08-28.
Надворешни врски
уреди- Водена пареа на Ризницата ?
- Водена пареа Архивирано на 20 април 2005 г. — Национална научна дигитална библиотека на САД (англиски)
- Митови за водената пареа (англиски)