Глигорие Гоговски

македонски политичар и стопанственик

Глигорие Гоговски (6 јули 1943 во Тетово5 јуни 2022 во Тетово)[1]македонски стопанственик и политичар. Бил последниот претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ во периодот 1986 - 1991.[2] Во 1989 година бил кандидат за член на Претседателството на СФРЈ од Социјалистичка Република Македонија.

Глигорие Гоговски
Роден 1943
Тетово

Во 1968 година дипломирал на Електро-машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Универзитетот во Загреб. Бил генерален директор на волнарскиот комбинат „Тетекс“ од Тетово.

Бил член на СКМ од 1968 година.[3]

Наводи

уреди
  1. „Почина Глигорие Гоговски, последниот социјалистички премиер на Македонија“. 360 степени. Посетено на 2022-06-20.
  2. „Македонски влади, 60 години“, Скопје, 2005, 69-70 стр.
  3. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, 2009, 369 стр.