Вишенски манастир
Вишенски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (грчки: Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης) — женски манастир во поранешното село Вишен кај Метох, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Вишенски манастир | |
---|---|
Успение на Пресвета Богородица | |
Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης | |
41°7′48″N 23°30′51″E / 41.13000° СГШ; 23.51417° ИГД | |
Место | Вишен, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Завршена | 1972 |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Манастирот се наоѓа на 10 км северно од Сер, на местото на некогашното село Вишен, по кое е наречен. Најблиско денешно село е Метох. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија манастирот бил база на андартските чети. Уништен е во Првата светска војна во 1916 г. заедно со целото село. Во 1925 г. добротворното братство „Пресвета Богородица Вишенска“ започнало да ја обновува црквата, што завршило во 1928 г. Манастирот е обновен во 1972 г. како женски. Во 1996 г. на манастирската црква ѝ е придодадена припрата.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ιερά Μονή Παναγίας Βύσσιανης Σερρών“. Μοναστήρια της Ελλάδος. Посетено на 25 јуни 2017.[мртва врска]
- ↑ 2,0 2,1 „Ιερά Μονή Παναγίας Της Βύσσιανης“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Архивирано од изворникот на 2017-08-14. Посетено на 25 јуни 2017.