Автомобилски регистарски таблички во Австрија

Австриските таблички се регистарски таблички на возилата регистрирани во Австрија.

Изглед уреди

 
регистарска табличка од Клагенфурт
 
регистарска табличка од Виена

Регистарските таблички се направени од метал. На левата страна се наоѓа синото евро-поле како сите членки на ЕУ (постарите регистрирани возила немаат сино евро-поле). На табличката има две двојни црвени ленти горе и долу - боите на Австрија.

Шеми за таблички уреди

Шемата за австриските таблички е следната: XX-број-буква (букви) или XX-персонализирана.

  • X / XX - код на градот каде што е издадена табличката, главните градови на сојузните држави имаат една буква како код
  • грб на сојузната држава каде што е издадена табличката

има неколку шеми:

  • табличките мораат да содржат минимум 3 карактери, т.е. мора да содржи една буква или еден број
  • од 2000 се смениле шемите на организациите во Австрија. Тие треба да бидат според следнава шема: XX-123-AB. Пример за организации во Виена и нивни таблички:
    • BB - Сојузни железници (Bundesbahnen)
    • BE - Погребални претпријатија (Bestattung)
    • EW - Електродистрибутивни фирми (E-Werk)
    • FF - Доброволна противпожарна служба (Freiwillige Feuerwehr)
    • FW - Противпожарна служба (Feuerwehr)
    • GW - Дистрибутивни фирми за природен гас (Gas Werk)
    • GT - Транспортни возила (Gütertransport)
    • KT - Приватни возила за транспорт (Kleintransport)
    • LO - Јавен превоз (Linienomnibus)
    • LR - Влада на Долна Австрија
    • MA - Самоуправа на Виена
    • MW - Возила за изнајмување со возач (Mietwagen)
    • RD - Амбулантни возила (Rettungsdienst)
    • RK - возила на Црвениот крст (Rotes Kreuz)
    • TX - такси-возила (Taxi)

Персонализирани таблички уреди

Во Австрија може да се добие персонализирана табличка за 245 евра.

Австриски кодови уреди

 
Регистарска табличка на полицијата на Сојузна Република Австрија
 
Регистарска табличка на Армијата на СР Австрија
    • WD - Дипломатски претставништва во Виена
    • GK - Конзуларни претставништва во Грац
    • SK - Кознзуларни претставништва во Салцбург
    • BB - Сојузен железнички транспорт (Bundesbahnen) - исфрлен од употреба, сега тие возила се регистрираат по шемата W-001-BB
    • BD - Сојузен автобуски транспорт (Kraftfahrlinien Bundesbus)
    • BG - Сојузна жандармерија (Bundesgendarmerie) - од 2005 се регистрираат под кодот BP, но сѐ уште можат да се видат со кодот BG
    • BP - Сојузна полиција (Bundespolizei) - од 2005 единствен код за сите новорегистрирани полициски автомобили
    • BH - Сојузна армија (Bundesheer)
    • PT - ПТТ Австрија (кодот се користи само за поштенски возила)
    • JW - Судска полиција (Justizwache)
    • ZW - Царинска управа (Zollwache) - od 2005 Царинската управа е во склоп со федералнтата полиција
    • FV - Финансиска Администрација (Finanzverwaltung)

Стари таблички уреди

 
привремени таблички, VL - Воралберг, валидна до 1995.
 
персонализирана табличка од Виена
 
табличка на дипломатско возило до Виена
 
регистарска табличка (1990-2002)