Виктор Елм
Виктор Себастијан Елм (роден на 13 ноември 1985 година) е поранешен шведски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред.
Виктор Елм | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Виктор Себастијан Елм | ||
Роден на | 13 ноември 1985 | ||
Роден во | Калмар, Шведска | ||
Држава | Шведска | ||
Висина | м | 1,92||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 2020 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2004-2005 | Фалкенберг | 32 | (8) |
2006-2008 | Калмар | 78 | (24) |
2009-2012 | Херенфен | 102 | (15) |
2012-2015 | АЗ Алкмар | 83 | (6) |
2015-2020 | Калмар | 151 | (16) |
Репрезентација | |||
2007 | Шведска 21 | 2 | (0) |
2008–2011 | Шведска | 10 | (0) |
Најголемиот дел од неговата кариера ја поминал во Калмар со кој ги освоил Купот на Шведска во 2007 година и шведското првенство во 2008 година. Тој, потоа играл и во Холандија за Херенфен и Аз Алкмар. Во 2015 година се вратил во Калмар каде играл уште пет сезони пред да се пензионира.
Во периодот меѓу 2008 и 2011, тој бил репрезентативец на Шведска и одиграл 10 натпревари за земјата.
Виктор е постар брат на Расмус Елм и помлад брат на Давид Елм, и двајцата поранешни фудбалери.
Клупска кариера
уредиФалкенберг
уредиЕлм одиграл вкупно 28 натпревари за клубот Фалкенберг и постигнал 8 гола во 28 натпревари во сезоната 2005 година.
Калмар
уредиЕлм му се приклучил на Калмар од Фалкенберг пред почетокот на сезоната 2006, каде што играл веќе неговиот помлад брат Расмус, а на крајот на сезоната во клубот дошол и нивниот најстар брат исто така од Фалкенберг. На 9 април 2007 година, тие биле вкупно само второто трио браќа кои биле играчи на еден исти тим во Алсвенскан лигата.[1][2] Во таа насока рекордот го држеле браќата Нордал кои биле вкупно 5 на број.[3]
Виктор и неговите браќа одиграле голема улога во вториот дел од сезоната 2007[4] што довело до тоа Калмар да го израмни својот најдобар резултат во Алсвенскан уште од далечната 1985 година. Калмар на крајот од сезоната завршиле како втори на табелата. Исто така, клубот го освоил Купот на Шведска, и тоа првпат по 1987 година.
Во сезоната 2008, Елм бил уште поискусен за освојување на титулата во првата лига постигнувајќи 15 гола, вклучувајќи и четири голови во последниот домашен натпревар за делотворно да ја освои титулата [5] и воедно да ја освои наградата „Најдобар шведски играч од средниот ред на годината“.[6] Во натпреварите на Купот на УЕФА тимот на Калмар, го победил холандскиот гигант Фејенорд. На овој натпревар Елм го постигнал победничкиот гол за својот тим, а тоа бил првиот натпревар од првото коло на Купот на УЕФА 2008-2009.[7]
На крајот на сезоната 2008, договорот на Елм истекол и тој станал слободен играч. За Калмар одиграл 79 натпревари и постигнал 24 голови.
Херенфен
уредиЕлм потпишал за холандскиот клуб Херенфен во текот на есента 2008 година, приклучувајќи му се на клубот во јануари 2009 година. Своите први два гола за клубот ги постигнал против Фејенорд во четвртото коло од Купот на Холандија 2008–2009.[8]
Неговиот прв гол пак во Ередивиси, првата холандска лига го постигнал на 8 февруари 2009 година, во натпревар против НАК Бреда.[9]
По сезоната 2012, Елм останал без договор со Херенфен и по 102 настапи и 15 гола во првата холандска лига одлучил дека е време за нов предизвик.
АЗ Алкмар
уредиВо јуни 2012 година, Елм потпишал четиригодишен договор со Аз Алкмар, соединувајќи се со неговиот брат Расмус за првпат после Калмар.
Својот прв натпревар го имал во ремито од 2-2 против Ајакс на 12 август 2012 година. Својот прв хет-трик го постигнал на 27 септември во победата во Купот на Холандија со 4-1 над Фолендам. На 30 септември, тој го постигнал својот прв првенствен гол во ремито 3-3 против РКЦ Валвајк. Елм бил капитен на тимот на АЗ за првпат во натпреварот против ВВВ Венло на 25 јануари 2013 година (победа од 4-1), бидејќи Мартен Мартенс тогаш бил повреден, а Ник Виргевер бил суспендиран. Елм постигнал 5 гола во Купот на Холандија во сезоната во која Аз Алкмар го освоил пехарот во купот по 4-ти пат во нивната клупска историја.
Во сезоната 2013-2014, Елм одиграл вкупно 49 од можни 58 натпревари, вклучително и 11 на патот до полуфиналето во Лига Европа. Исто така, постигнал 3 гола во Ередивиси.
Враќање во Калмар
уредиНа 30 март 2015 година, Елм се вратил во неговиот поранешен клуб Калмар. Таму повторно се соединил со своите двајца браќа Давид и Расмус.[10]
Тој го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал на 16 декември 2020 година.[11]
Репрезентативна кариера
уредиЕлм го одиграл својот прв натпревар за шведската репрезентација, во пријателски натпревар против САД на 19 јануари 2008 година, а својот прв натпревар во квалификациите за Светското првенство 2010 го имал на 6 јуни 2009 година, во поразот со 0-1 од Данска. На овој натпревар Елм влегол како замена на местото на Даниел Андерсон во 68-мата минута.[12]
Статистика во кариерата
уредиЛигашки и клупски натпревари по сезони | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континетални Европски | Други | Вкупно | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови |
Шведска | Лига | Свенска Куп | Европски | Други | Вкупно | |||||||
2004[13] | Фалкенберг фф | Суперетан
втора лига |
4 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | ||||
2005[13] | 28 | 8 | 0 | 0 | 28 | 8 | ||||||
2006[14] | Калмар фф | Алсвенскан | 24 | 5 | 4 | 0 | 6 | 1 | 34 | 6 | ||
2007[15] | 24 | 4 | 4 | 0 | 28 | 4 | ||||||
2008[16] | 30 | 15 | 5 | 3 | 5 | 1 | 1 | 0 | 41 | 19 | ||
Холандија | Лига | КНВБ Куп | Европски | Други | Вкупно | |||||||
2008–09[17] | Херенфен | Ередивизија
прва лига на Холандија |
12 | 4 | 4 | 4 | 16 | 8 | ||||
2009–10[18] | Херенфен | Ередивизија
прва лига на Холандија |
28 | 5 | 2 | 2 | 6 | 1 | 1 | 0 | 37 | 8 |
2010–11[18] | Херенфен | Ередивизија
прва лига на Холандија |
17 | 3 | 1 | 1 | 18 | 4 | ||||
Вкупно | Шведска | 110 | 32 | 13 | 3 | 11 | 2 | 1 | 0 | 135 | 37 | |
Холандија | 57 | 12 | 7 | 7 | 6 | 1 | 1 | 0 | 71 | 20 | ||
Вкупно во кариера | 160 | 41 | 20 | 10 | 17 | 3 | 2 | 0 | 199 | 54 |
Наводи
уреди- ↑ „Matchinformation: AIK – Kalmar FF – svenskfotboll.se“. Svenskfotboll.se. Архивирано од изворникот на 16 December 2007. Посетено на 16 March 2009.
- ↑ Sandqvist, Anders (10 April 2007). „Bröderna Elm historiska“. Expressen (шведски). Архивирано од изворникот на 25 May 2012. Посетено на 16 March 2009.
- ↑ „Tre BRÖDER mot startelvan“. Aftonbladet (шведски). 3 April 2007. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ „Kalmar vann ett silver“. Dagens Nyheter (шведски). 28 October 2007. Архивирано од изворникот на 2009-03-14. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ „Kalmar ready to celebrate maiden title“. uefa.se. 2 November 2008. Посетено на 18 March 2009.
- ↑ „Årets Mittfältare 2008“ (шведски). Svenskfotboll.se. 20 January 2009. Архивирано од изворникот на 21 February 2009. Посетено на 21 January 2009.
- ↑ „UEFA Cup – Fixtures & Results – Match Specific“. UEFA. 18 September 2008. Посетено на 21 January 2009.
- ↑ „Dutch Cup round-up“. Skysports.com. 20 January 2009. Посетено на 20 January 2009.
- ↑ „Heerenveen 3 – 1 NAC Breda“. ESPNsoccernet. Архивирано од изворникот на 2012-10-14. Посетено на 18 March 2008.
- ↑ Update: AZ bevestigt vertrek van middenvelder naar vaderland Zweden (Dutch). Voetbalprimeur. 30 March 2015.
- ↑ „Avslutade karriären med smärtor i halvtid“.
- ↑ „Europe – Group 1, Sweden – Denmark“. FIFA. Архивирано од изворникот на 11 June 2009. Посетено на 7 June 2009.
- ↑ 13,0 13,1 „Statistik/ligor“ (шведски). Svenskfotboll.se. Архивирано од изворникот на 21 February 2009. Посетено на 20 January 2009.
- ↑ „Matcher A-laget 2006“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 5 August 2006. Посетено на 17 March 2009.
- ↑ „Matcher A-laget 2007“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 11 October 2007. Посетено на 17 March 2009.
- ↑ „Matcher A-laget 2008“. Kalmarff.se. Архивирано од изворникот на 19 December 2008. Посетено на 17 March 2009.
- ↑ „Viktor Elm Profile“. sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 11 April 2009. Посетено на 17 March 2009.
- ↑ 18,0 18,1 „Viktor Elm Profile“. sc-heerenveen.nl. Архивирано од изворникот на 27 February 2010. Посетено на 6 November 2010.