Википедија:Селска чешма/Архива 6
Прашање
уредиЗошто има олку глупаво име статијава? --MacedonianBoy 19:11, 6 август 2008 (UTC)
- Селска чешма е и на англиската (Village pump), во смисла: место каде се собираат луѓето. Така на село се собирале и уште се собираат, на чешмата и таму прават муабет. Тоа е и пред сѐ, македонска традиција. Искрено размислував помеѓу Плоштад и Селска чешма, па фрлав паричка :D Инаку, ако сакате да го менувате, давајте предлози. На Србите е Trg, на Хрватите Kafic, на Французите Le Bistro (ресторан), многу википедии имаат Cafe`, на албанската вики е собир или парламент, не знам како. Ете, може и Плоштад. Во кратки црти, треба и ние да имаме нешто вакво. Ајде, отворено за дискусии. Brainmachinewtf? 00:17, 7 август 2008 (UTC)
Еве и јас исто како MacedonianBoy мислам дека името на статијата е премногу демоде. Можеби тоа е навистина карактеристично за македонската народна традиција ама сепак можеме да бидеме поиновативни и посовремени. Поздрав.
П.С. Да не испадне дека само критикувам, еве и еден предлог: Вики-мак Плоштад. Andreina (разговор) 13:00, 8 октомври 2008 (UTC)
Важно известување
уредиПочитувани корисници, почнува кампањата на расчистување на неправилно подигнатите слики. Се молат сите кои подигнале слики да го прегледаат нивниот дневник на подигнувања кој може да се пронајде во [[Специјални:Log/ВАШЕТОКОРИСНИЧКОИМЕ]] и одбирање на „Дневник на подигнувањата“ од паѓачкото мени и да овозможат соодветен опис преку шаблонот {{слика-инфо}}, информација за изворот и за авторските права. За било какви прашања поврзани со авторските права на слики, обратете се на Википедија:Прашања за авторски права. Сите корисници кои имаат неправилно подигнати слики ќе бидат автоматски известени со детални информации за секоја слика посебно. Доколку не овозможите извор, опис и информација за авторските права на сликите, тие ќе бидат избришани од серверот и отстранети од соодветните статии. За повеќе информации видете Википедија:Подигнување на слики. Благодариме. --Brainmachinewtf? 19:23, 16 август 2008 (UTC)
Во однос на бугарските и бугарофилските корисници...
уреди...кои очигледно не сфаќаат дека Википедија не е место за ,,расветлување" на историјата, предлагам креирање на сет од вики-правила кои би ги насловиле како Википедија:Магичен круг. Зошто токму овој наслов. Од едноставна причина што не е првпат бугар/ски/офилски корисници да додаваат слики и текст на страниците поврзани со историјата на Македонија (порано се водеа големи дискусии за Лерин со Корисник:John Burkov, кој исто така имаше слична цел како и Корисник:Иван и Корисник:Подпоручикъ, заедно со Корисник:Мико, кој се има посветено на македонцките работи). Второ, бугар/ските/офилските корисници, вадејќи се со нивните ,,факти" и правилата на Википедија, всушност го поставуваат прашањето за чија е Македонија и кој има историско право на неа? (Бугарин да маневрира со правила на Википедија, а притоа да не мисли на ,,историското право на сопственост на Македонија", ви се молам!). Ова не е тема за обработка на Википедија и не и е местото тука. Затоа сите вакви дискусии се сведуваат на еден circulus vitiosus (магичен круг) од препукувања на страниците за разговор кои не се наменети за тоа. Очекувам коментари и предлози. Boyan 21:45, 17 август 2008 (UTC)
- Правила треба во секој случај по примерот на en:Wikipedia:Requests for arbitration/Macedonia, само не дотолку „неутрално“. Сите сме сведоци во последно време како удираат на нас.--Raso mk 21:57, 17 август 2008 (UTC)
- Срамота! Па уште ќе го деблокираме!? Луѓе ова не е работа веќе. Дајте да се организираме како тие копили се организираат. Тој ќе командува и ќе планира за МК Вики, па уште и слики планира да става? Боже мој...--MacedonianBoy 22:21, 17 август 2008 (UTC)
- Ок, конкретно кој ви е предлогот, какви вики-правила? --Brainmachinewtf? 02:46, 18 август 2008 (UTC)
- На англиската има ARBMAC па и ние можеме да воведеме некакви стандарди за бг. --MacedonianBoy 08:53, 18 август 2008 (UTC)
Би сакал решително да протестирам:
- Ми се ставаат во устата зборови, кои ги немам кажано. Обвинет сум за намери, за кои нема докази. Јас имам многу многу повеќе причини да обвинувам некои од корисниците дека ги прекршуваат правилата на Википедија водени од чисто политички мотиви.
- Не можам да разберам како може еден администратор во Википедија да прави навредливо резиме на цел народ ("Бугарин да маневрира ...") Ова не е ни форум, ни кафана, ни собир на некоја екстремна организација.
- Ако тука има некаков морал зборови како "копили" нема да бидат толерирани.
Што сакат некои? Тоталитарен контрол врз мислењето? Не сум крив, ако мојата желба за неутралност, не се бендисува. МК Википедија не би требало да биде место каде се пишуваат само зборови и мисли кои им се бендисуват и одобруваат од Рашо & co. Знам дека и овие мои зборови ќе бидат причина за уште поголема кампанија за уништување на спротивниот став и навреди - персонални или кон цел народ, но не сум крив, ако барам разговор, неутралност и почитуване на правилата на Википедија.--Иван 17:16, 18 август 2008 (UTC)
- Реши ја неутралноста на бугарската Википедија па после кукај овде. Спореди ги двете неутралности и ќе видиш сам (што се сомневам дека ќе воочиш).--MacedonianBoy 17:19, 18 август 2008 (UTC)
Јас не сум сопственик на БГ Википедија. Но дури и да прифатиме дека една Википедија е најпристрасната во светот, тоа не извинува прекршување на правилата на некоја друга Википедија.--Иван 17:29, 18 август 2008 (UTC)
- Епа ти како голем борец за неутралност треба и таму да се бориш а не само тука да ни сметаш.--MacedonianBoy 17:32, 18 август 2008 (UTC)
Таму и јас и ти имаме истите можности. Исто како и тука. Добро е дека призна дека ти/ви сметам. Како мислиш, дали ако повеќе ги почитуваше поими како "толерантност", "неутралност" и така натаму, немаше помалку да мислиш дека ти сметам?--Иван 17:42, 18 август 2008 (UTC)
- Сметаш=досадуваш, нервираш истоштуваш со глупости. Добро е што бараш наутралност, но провери барем една македонска статија на БГ Вики и ќе видиш за што зборувам. Не може да се зборува со бугар или бугарофил за неутралност зошто кога ќе ги видиш статиите на БГ Вики и нивните тези да ти се повраќа.--MacedonianBoy 17:48, 18 август 2008 (UTC)
- Го читам јас ли тука моето име или така ми се чини??? Како прво Иванчо немој да цимолиш и да кажуваш дека некој те навредува. Ти вчера се докажа со твоите искази на „неутралната“ бугарска википедија. Целиов македонски проект го нарече ???? (нема потреба од цитирања), администраторите и корисниците инфантили и сл. Затоа те молам "hau ab"!!! Овој разговор не е за твоето цимолење. Темата е друга.--Raso mk 18:03, 18 август 2008 (UTC)
- За MacedonianBoy - Не е и не може да биде аргумент за било каква твоја акција тука, за твојот однос тука кон другите, мислењето ти за БГ Вики. Навистина, така можеш да ги објасниш некои психички мотиви, но ова би било само оправдување. Мислам дека секоj коректен човек и википедијанец надвор од Балканот ќе ги сфати изводи како "Не може да се зборува со бугар или бугарофил за неутралност..." како израз на екстремизам.
- За Рашо - Си сигурен дака јас ги имам кажано овие зборови (администраторите и корисниците инфантили и сл)? Сакаш да се обложиме или да очекувам извинување?--Иван 18:08, 18 август 2008 (UTC)
- Џабе ти е оправдувањето ТИ твое. Сите знаеме колку неутрална е Википедијата Бугарска и те молам со таа тема да прекинеш. Тука зборуваме за бугарофилските вандализми и староседновековни заостанати обиди за ширење на старосредновековна недозреана пропаганда. --MacedonianBoy 18:10, 18 август 2008 (UTC)
Добро е дека се разбираш од "стросредновековна" пропаганда. Значи ќе бидам спокоен - ако некогаш вршам "старосредновековна недозреана пропаганда" или нешто слично, ти ќе ми кажеш. Секако, на нормален и културен начин.--Иван 18:16, 18 август 2008 (UTC)
- Не рекла Ќира, туку рекла Мара!!! Ако не ти, другар ти рекол во вашиот меѓусебен разговор, но ти сепак си рекол цитирам „Някои от тях ценят не историческата стойност на снимката, а само пропагандната“, што значи дека нас сите не нарекуваш пропагатори. И сега ај да ни докажеш која е твојата цело тука? Ако си за пишување статии повели бујрум пишувај. Мислам дека доста географски поими од Бугарија ни фалат. Ама ти си се запнал за историјата каде што вршиш бугаризација на македонската историја.--Raso mk 18:17, 18 август 2008 (UTC)
- Не ќе можам. Јас не се ни трудам да солам памет на друг човек и да му кажувам при нормална ментална состојба дека е од друга националност. Не би сакал да сум толку расипан. Фала сепак на поканата.--MacedonianBoy 18:18, 18 август 2008 (UTC)
Значи Рашо, признаваш дека ме обвини неправедно? Какав е проблемот во моите зборови "Някои от тях ценят не историческата стойност на снимката, а само пропагандната“? Иди на Разговор:Крушево и тамо ќе видиш нешто слично. Иди и таму и ќе разбереш за што зборам. И не забораваj дека "някои от тях" значи "некои од нив", така што нема смисол да ме обвинуваш дека сметам сите уредувачи во МК Вики пропагандатори. Што се однесува на новите статии, немам ништо против, но дваjцата знаеме дека Википедија е свободен проект, и јас можам сам да решам кога и како да соработувам. Ти како моj колега имаш право секогаш, кога не се согласуваш, да разговараш, да уредуваш и така натаму, но немаш право да бидеш нетолерантен и да не ја почитуваш НГТ--Иван 18:34, 18 август 2008 (UTC)
- Слободен, мислиш на овој збор?--MacedonianBoy 18:42, 18 август 2008 (UTC)
- Аман бе со таа твоја неутрална гледна точка.... Која е таа????? а????? дека сите мнакедонци биле бугари????Која???? Не ми иди веќе на нерви???--Raso mk 18:44, 18 август 2008 (UTC)
Е, тука е, Рашо, проблемот: ти имаш една голема вистина и сакаш сите да се согласат со неја и да не се пише ништо во некоја статија што на некоj начин е спротивно на твојата вистина. Јас, како што знаеш, имам спротивно мислење за некои од прашањата за нашето минато и за денешниот ден. Сепак, за разлика од тебе јас се обидувам да работам конкретно, ги уредувам или коментирам конкретни статии, почитуваjќи ги и одредени правила - толерантност, НГТ, извори и така натаму. Да би се согласил и ти да работаш вака, не би ги имале проблемиве што ги дискутираме на ова страна, би могле да ги избегнеме обвинувањата и навредите. Може би вака би било потешко за тебе, но, доколку ти си вистински енциклопедиски човек, не би требало да има голем проблем.--Иван 18:56, 18 август 2008 (UTC)
- И ти самиот не знаеш што си, де бугар де македонец. Греота! --MacedonianBoy 19:00, 18 август 2008 (UTC)
- И бугарската пропаганда си продолжува............................................. само до кога?
Лудило, до кога ???
уредиДо кога ќе продолжиме со ова? Буквално владее патриотско лудило, дури и слепило. Не ме сваќајте погрешно ок е да се сака и почитува земјата, ок е да се пишува за историјата, ама дајте нека не е тоа главна преокупација. Ајде да пишуваме на попродуктивни теми, на медицина, право, техника, економија, и се останато, да ја оставиме историјата на пауза.
Инаку впечатоков го добив од разгледување на неколку кориснички профили, со чесни исклучоци, повеќето од луѓето тука се дојдени да бранат историја.
Само еден ден, наместо кавги со бугарите и грците, сите кои го прават тоа, да го посветат на географија, медицина, информатика, економија, право, техника и слично википедија ќе процвета мислам....
Што е таа офанзива сега, како демек за еден ден ние ќе ја рашириме македонската вистина.
Инаку си сум патриот, и ќе придонесам некогаш за историја, ама дека буквално ќе се оптеретувам со тоа отповеќе - не.
Сакам да видам коментари.... :D Tomsaso 04:45, 19 август 2008 (UTC)
- И јас отприлика така размислувам. Мислам дека не треба да се провоцираме толку лесно и дека треба кон сите теми да обрнеме подеднакво внимание. Само 1 забелешка, обично овде не е секогаш така, не се историските статии главна преокупација. Само кога дојде некој од страна (обично од странство) и се обиде да направи промени (обично радикални) на статии (обично осетливи), па тогаш настануваат провокации и сѐ и сешто. Јас искрено не се провоцирам, измените на провокаторите кога и да е ќе станат или неважни и/или ревертирани и/или загубени. Види можеби тоа е и предност (мислам, што најголемите расправии ни се само за 1 тема!). Охооо, размисли како е на англиската википедија! Ти можеби си Стивен Хокинг, револуционер во полето на космологијата и квантната гравитација, но сепак мора да се расправаш за статијата за црна дупка со некој си Боб од Ајдахо за неговото важно „експертско“ мислење, па да се надеваш на некоја неутрална гледна точка. Ах, го обожавам овој проект!! :D Верувај, обично сме нормални, си пишуваме статии за олимиски игри, филмови и јазици, се расправаме со лиценцирања на слики (т.е. јас им досадувам на сите) и сите убаво си се сложуваме. :) Поздрав. --Brainmachinewtf? 07:29, 19 август 2008 (UTC)
- Точно така... Еве јас на пример немам ниедна статија за историја напишано, а имам стотици другу, но кога сум испровоциран национално се палам ко фитил.--Raso mk 07:46, 19 август 2008 (UTC) Р.Ѕ. Brainmachine, изворите на сликите се од мрежната страница, некои можат да се стават како стари. Ќе средам вечер. Уште малку морам на работа
Прашање во врска со рефернеци
уредиПреведувам некои статии од Економија, и за да бидат добри би требало да наведам референци... Прашањето ми е дали треба да ги наведам рефренците од англиската википедија и да ги преведам имињата на изорите или доволно е само copy paste од англиската тука.... и кај можам да прочитам подетално како се работи со референциве... како се поставуваат итн итн... Tomsaso 17:41, 22 август 2008 (UTC)
- Пожелно а и морално би било да се барем со опис на македонски. Поз НБРМ17:44, 22 август 2008 (UTC)
- Се извинувам за задоцнетиот одговор. Повеќе за техничката употреба на референци може да се најде на оваа страница. Инаку, задолжително мора да се вклучат референците во статијата и пожелно е да се преведуваат некои детали од референците, на пр. „страницата е посетена на тој и тој ден“, но сепак, некои работи не можат да се преведат. На пр., ако станува збор за наслов на книга како извор, пожелно е тој да остане во оригинал за полесно да се пронајде. А ако навистина ве мрзи, можете да ги оставите така. Значи пожелно е да се преведат некои забелешки, не е голема работа, важно да ги има (!). --Brainmachinewtf? 15:53, 24 август 2008 (UTC)
infobox за авиокомпанија
уредиЗдраво, дали некој може да направи infobox за авиокомпанија?? Поздрав и благодарам однапред —Претходниот непотпишан коментар е додаден од LazialeStojakovo (разговор • придонеси) 11:24, 29 август 2008
- Готово - Еве ја инфокутијата - {{Инфокутија за авиокомпанија}}. Поздрав, Brainmachinewtf? 10:42, 29 август 2008 (UTC)
Реакција и апел
уредиГи замолувам надлежните лица на МК Википедија да превземат соодветни мерки бидејќи одредени корисници (сигурно не се македонци) ометаат при работата на сите со нивното ширење на средновековна пропаганда. Со тоа тие вниманието на вредните корисници го вртат кон нивните цели- карање, расправање и безвредни разговори за бугарски заблуди, наместо да се креираат статии и да се исполни саканата цел според покренатат иницијатива. Ги замолувам сите да пишуваат нови статии (ова важи и за бугарските корисници) наместо да се расправаме за заблуди на туѓи држави. Ви благодарам -- MacedonianBoy Oui? 19:52, 17 септември 2008 (UTC)
'Обичаи
уреди== Во обичаи спаѓа се она што се слави или слично ==--78.157.6.228 (разговор) 18:44, 22 септември 2008 (UTC)Маријана
Промена на фонтот на закосените букви
уредиШто ќе кажете? :D Мене лично ми се допаѓа оваа идеја, само да размислиме како може да ја оствариме. --Brainmachinewtf? 23:27, 3 октомври 2008 (UTC)
- Јас малце размислив, па мислам дека при создавањето на Википедија од страна на фондација Викимедиа, како и останатите Викимедиа проекти најверојатно се воведени и најразлични фонтови кои на одреден начуин може да се употребат, но доколку нашата кирилица ја нема, мислам дека за тоа треба да се потрудиме да ја додадеме. Но, сепак најпрвин потребно е да се провери од каде се сите фонтови кои се употребени за пишување на содржината на Викимедиа проектите.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:30, 4 октомври 2008 (UTC)
- И јас сакав ова да го искоментирам и да предложам и секако го поддржувам ова. Наш фонт си е наш, не ни треба овој заснован на рускиот кириличен. -- MacedonianBoy Oui? 22:23, 6 октомври 2008 (UTC)
translate in Macedonian en:Martin Weinek and en:Kaspar Capparoni
уредиGood evening, please can you translate in Macedonian the articles en:Martin Weinek and en:Kaspar Capparoni? Thanks in advance! Good evening to you and regards from en:Campora San Giovanni. I write you regarding the articles of a note police television series: en:Inspector Rex. For better saying some principal actors of the international series. Martin Weinek (pronunced Vaynek) and Kaspar Capparoni. Weinek (pronunced Vaynek) is the veteran of the Austrian series, now real member of the series international, as well as excellent agricultural and theatrical entrepreneur and an experienced wine-grower. Capparoni is the new entry of the series, but he has already worked and he works for international productions and with famous directors, I quote among everybody: en:Dario Argento. I think that the series will arrive within the winter 2008 thanks also to Rai International, that will be transmitted in 150 countries and in more than 60 languages, among which the Macedonian. Naturally if you will help me in this, me rechanghed really the favor translating a biography or a geographical article in Italian and Sicilian. In fact on the Italian edition they are biographer and geographer. In attends him of one certain answer of yours I thank you in advance and I greet you from Campora San Giovanni, my village native. Thanks still for the patience and the understanding.--Lodewijk Vadacchino (разговор) 10:11, 6 октомври 2008 (UTC)
Отстранување на анонимност
уредиИ во порталот идеи предложив повеќе да не им се дозволува на анонимни корисници да уредуваат нови статии на Википедија на македонски јазик. Тоа е поради тоа што најголем број од нивните придонеси е чист вандализам. Мислам дека е добро при обидот за уредување на нова статија од страна на овие корисници да се појави предупредување кое ќе содржи повик за создавање на корисничко име и сите подробности поврзани со тоа.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:30, 6 октомври 2008 (UTC)