Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 19:04, 25 декември 2009 (UTC).
Од областа на архитектурата немаме многу избрани статии, па се надевам дека ќе има интерес за оваа статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:04, 25 декември 2009 (UTC)
Розетен прозорец или само роза (се употребува и Катерински прозорец) е архитектонски поим, кој се објаснува како кружен прозорец, вграден во црквите изградени во готски стил, кој обично е поделен со шпросни или орнамент. Поимот „розетен прозорец“ не се употребувал пред 17. век, а според англискиот речник Оксфорд, потекнува од англискиот збор rose, со значење роза.
Поимот „прозорец-тркало“, исто така се употребува, но најчесто за оние прозорци кои се поделени со едноставни пречки, кои се оковани и ротираат во средината на прозорецот, додека пак „розетниот прозорец“ се однесува на оние прозорци, кои имаат посложена градба и кои по својот изглед наликуваат на роза со многу ливчиња. Кружниот прозорец без орнамент, којшто е карактеристичен за многу цркви во Италија е познат како окуларен прозорец.
Розетните прозорци се делумна одлика на готската архитектура и може да се забележат во сите големи катедрали во северна Франција, изградени во готски стил. Се смета дека потеклотона овие видови на прозорци е постаро, па розетните прозорци може да се најдат во различна форма во средновековните градби. Сепак, улогата во христијанските цркви на розите се намалила, но идејата за изградба на цркви со рози повторно оживеала во 19. век, со развојот на неоготската архитектура. Оттогаш, розите станале популарни и биле вградувани во многу цркви во светот. Дознајте повеќе...
Статијава е супер, ама нели се договоривме за периодот меѓу 4 до 10 јануари на главна страница ќе биде статијата за Исус. Оваа статија може да ја ставиме на главна следната недела (од 11 до 17 јануари) -- dav(разговор) 14:09, 27 декември 2009 (UTC)
Статијата за Исус не е сè уште предложена. Направете го тоа до вечер до 12 за да може на 3 јануари кога ќе ја избереме веднаш да ја ставиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:14, 27 декември 2009 (UTC)
Нема потреба од истата постапка, ќе ја отвориме статијата за гласање од почеток и толку. Извадок и формулар имаме.--НиколаСтоіаноски 15:22, 28 декември 2009 (UTC)
Мислам дека не е соодветно да ја отвориме, бидејќи со тоа би ја избришала минатата кандидатура, а гласањето коешто завршило ќе биде избришано. Не се случува прв пат една статија повторно да биде кандидирана за избрана (што значи првиот пат не била избрана). Се случуваше и порано истото, а откако започнавме секоја кандидатура да ја ставаме во посебна статија, ова се случува по втор пат. Мислам дека вака е посоодветно.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:42, 28 декември 2009 (UTC)
Исто така знам дека и статијата Истанбул едногласно ја избравме, а јас не се сеќавам дека извадок беше ставен на главната страница, така да дури и оваа статија да се избере (што очигледно така и ќе биде), ќе треба да чека во ред за нејзин извадок да биде поставен на главната страница. -- dav(разговор) 12:26, 31 декември 2009 (UTC)
Пред неколку месеци воведовме нови правила при изборот на статии на главната страница и при гласањето на кандидатурите. Идејата е да се изберат што е можно поголем број на квалитетни статии, а истите да се претстават на главната страница доколку има некоја симболика во нив во клад со временскиот период на претставување на извадокот. Доколку нема, тогаш може тоа да го направиме во секое време. Во оваа и во статијата Истанбул нема некоја симболика, освен тоа што градот Истанбул е избран за европски културен центар во 2010. Но, ов ој период ја опфаќа целата 2010, што значи дека можеме да ја претставуме статијата во секој момент. Но, еве може да оди најпрвин таа статија, па потоа оваа. Временскиот период на гласање на кандидатурите не мора да се поклопува со временскиот период на претставување на истите на главната страница. Пример за тоа е статијата за Исус Христос, доколку биде избрана. Друга многу важна работа е хетерогеноста на темите. Може да се случи да има неколку кандидатури од областите географија и историја за краток временски период, а потоа да има од некоја друга област. Во интерес на универзалноста ан содржината на Википедја би било секоја седмица да се објавува статија од различна област.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:38, 31 декември 2009 (UTC)