Википедија:Кандидати за избрана статија/Личен сметач
Гласање за избрана статија
уредиВажно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија. |
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Информации
уредиСтатијата е предложена за дискусија во 00:25, 14 јуни 2010 (CEST).
Статија од оваа областа досега сме немале, па се надевам дека ќ е има интерес околу усовршувањето на оваа статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:25, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Извадок
уредиЛичен сметач (ЛС) е секој сметач за општи намери чија големина, способности и оригиналната продажна цена го прави корисен за поединците и кој е наменет за директна употреба од краен користник, без вмешување од сметачки оператор. Ова е во контраст со групната обработка или моделите за распределба на време кои овозможуваат многу скапи главни системи што ќе се користат од страна на многу луѓе, особено во исто време или големи системи за обработка на податоци кои бараат персонал со полно работно време да работи ефикасно.
Личен сметач може да биде столен сметач (desktop computer), преносен сметач (laptop), плочест ЛС (tablet PC) или рачен преносен сметач (palmtop). Најчестите микропроцесори во личните сметачи се x86 компатибилни процесори. Софтверските апликации за личните сметачи вклучуваат обработка на текст, табеларни пресметки, бази на податоци, веб пребарувачи и е-пошта (e-mail) клиенти, игри и огромен број лични продуктивности и софтвер за специјални цели. Современите лични сметачи често имаат голема брзина или телефонски (dial-up) врски на интернет, овозможувајќи пристап на веб (World Wide Web) и широк спектар на други ресурси.
Додека раните корисници на лични сметачи обично морале да пишуваат свои програми за да се направи нешто корисно со машините, корисниците денес имаат пристап до широк опсег на комерцијален и некомерцијален софтвер кој е подготвен во готова работна форма. Од 1980-тите, „Мајкрософт“ и „Интел“ доминираа наголем дел од пазарот за личен сметач со платформата Винтел (Wintel). (Дознајте повеќе...)
На статијата ѝ е потребна рецензија, која треба да вклучи поправка на граматички грешки, викифицирање и додавање на извори.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:25, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
Како што напоменав, на статијата ѝ е потребно средување. Се надевам дека за време на номинацијата ќе има и други коментари, а и некој ќе се нафати на средување на истата. Ако имам доволно време и јас ќе земам тоа да го правам. Не е ништо страшно доколку статијата не биде изгласана.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:35, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Јас ќе ја средам колку можам, еве самиот сакам. Ама што е финатава што се вика личен сметач? Не е персонален компјутер или барем личен компјутер ако не сакате „персонален“, и плус во нашиот речник припаѓа зборот компјутер покрај се, е сеа што е неологизам нема врска, но зборот сметач не го користиме вака. А во текот на статијата desktop-от е наречен столен, а има и плочест компјутер, се извинувам сметач :)! Само околу ова помош и веднаш се нафаќам на средување.--Макс(разговор) 15:41, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Сметач е македонскиот збор за компјутер, а столен е придавка за „на маса“; плочест е друго. Ако те интересира повеќе, прашај го Бојан.
- Статијата е фина и би сакал да ја видам целосно средена и на главната страница. Од друга страна, ако не се среди, не сакам да ја видам на главната страница. :) —iNkubusse A? 21:06, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Всушност, кога подобро ќе размислам, номинацијава би требало да се затвори за сега и да се отвори кога ќе биде средена статијата. Не знам зошто номинираме статии што се далеку од средени, само со цел да се поттикне нивно усовршување. Треба да номинираме статии што се одлични, со минимални грешки кои ќе се средат веднаш, нормално. Можеби треба да направиме некој нов систем за поттикнување на усовршување на страници (веќе релативно гореми и уредени) со цел да бидат номинирани за избрани (или едноставно за да изгледаат многу убаво). —iNkubusse A? 21:11, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Да ти се надоврзам на ова последново, ги направивме Википедија:Инкубатор (колку е само добро името!) како збирка на статии кои се добри (good articles) и кои се на вистински пат за избрани, а Википедија:Рецензија ни е напуштен проект во кој корисниците можат да предложат статија за рецензија, а другите корисници ја читаат, прегледуваат, поправаат и пишуваат сугестии што фали, што треба да се додаде/измени... барем така е замислено. Овој првиот се обновува, а вториов е скоро спремен (предлошките се готови, уште да профункционира). Ако сакате, да се обидеме да создадеме некој систем кој ги вклопува сите овие работи, така што номинирањето на статијата за избрана да биде последниот чекор, а нејзиното развивање и рецензирање меѓу првите. Oвде стои предлогот за рецензија, таму имам напишано како нацрт како ќе одат чекорите. --Brainmachine (разговор) 21:59, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- ПС: Најдов рецензија во која имало некаква успешна интеракција и рецензирање! Ова ми дава надеж дека идејата ќе профункционира, ако зададеме каков-таков задолжителен пат (на пример, нерецензирана статија не може да се кандитира за избрана, или пак, со рецензијата да се дава статусот на избрана или на добра, па да се става во инкубаторот или овде). Знам дека има многу зафрканции, ама... да се обидеме? Brainmachine (разговор) 22:14, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Е за такво нешто зборам! Последното, тоа за „нерецензирана статија не може да се кандитира за избрана“ особено. —iNkubusse A? 22:52, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Заклучок: статијава да се отстрани од овде. А понатаму преземање на гореспоменатите планови/мерки! Инаку безразлика што ќе биде со конкретно оваа статија, веќе кога споменавте, треба да имаме и некој систем во врска со именување (конвенциите за именување или ќе бидат ажурирани или нешто друго). Бидејќи искрено не станува збор само за оваа статија, станува збор за неколку категории и статии што го споменуваат зборот компјутер, а безброј статии кои без разлика на содржината користат компјутер наместо сметач. Глупаво би било ако во статии на оваа тема биде сметач додека во се останато останеме недоследни. А и колку и да се обидуваме, нови корисници не ќе знаат да го забележат ова. Што значи не станува збор само за ова туку општо со вакви одлуки „од ведро небо“, со кои ги комплицираме работите, затоа размислете за ова или да отвориме тема на селската чешма. Што се однесува до статијата, готово не ја рецензираме (за сега)! :) --Макс(разговор) 14:45, 15 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- Бидејќи и двата изрази се користат во македонскиот јазик, не можеме да тераме никого со сила да внимава дали ќе пишува едно или друго, ама може да го ставиме овој пример во напатствијата за стил (односно, дека претпочитаме да го користиме зборот „сметач“). А за тоа со категориите, во право си. Треба да се среди за да биде конзистентно, односно сите категории да го содржат или едниот или другиот израз. За постоечките да се средат веројатно ќе треба бот.
- Што се однесува на статијата, Макс, слободно рецензирајте ја! Не значи дека треба да биде гласана за да ја средуваме. —iNkubusse A? 15:07, 15 јуни 2010 (CEST)[одговори]
- ОК, готово, договорено. :) --Макс(разговор) 15:24, 15 јуни 2010 (CEST)[одговори]
(1/0/1); Закажано да заврши во 22:25, 20 јуни 2010 (UTC)
За
уреди- Модернист (разговор) 22:21, 16 јуни 2010 (CEST) Многу убава статија, ја прочитав со големо задоволство. Само мислам дека на литературен македонски персонален комјутер се викаше МИКРОСМЕТАЧ (имам книга по информатика од 1996 и таму така е напишано, ама можеби во меѓувреме се поменила терминологијата. Како и да е, прекрасна статија. Викифицирањето не е никаков проблм, за 15 минути може да се викифицира цела статија. Ако имам време ќе го направам тоа деновиве.[одговори]
Против
уредиВоздржан
уреди- Само воведниот дел е викифициран. Тоа не претставува ни 10% од статијата. Или откажете ја номинацијата или викифицирајте ја статијата. Покрај тоа, има многу тајпоси, како интерпункциски знаци без празно место по нив и слично. --iNkubusse A? 01:31, 14 јуни 2010 (CEST)[одговори]