Википедија:Избрана статија/2008/36
Мачгелис (Макс) Еве (20 мај 1901- 26 ноември 1981) бил холандски велемајстор, математичар и автор. Тој бил петтиот светски првак во шах (1935-1937) и третиот претседател на ФИДЕ, од 1970 до 1978. Еве бил и високо почитуван шаховски автор. Макс Еве се родил во Ватерграфсмеер, во близина на Амстердам. Тој студирал математика на универзитетот во Амстердам и го одбранил својот докторат во 1926 година.[1] и предавал математика, најпрвин во Ротердам, а потоа во женскиот лицеј во Амстердам. Тој издал многу книги со математичка анализа поврзана со шахот од аспект на интуицијата. Тој исто така ја покажал и употребата на Туе-морзеовата низа, со што докажал дека правилата на шаховската игра не ја исклучуваат можноста за бесконечни партии.Еве ги освоил сите шаховски првенства на Холандија на коишто учествувал од 1921 до 1952 година и титулата во 1955 година со што сè уште го држи рекордот од 12 освоени титули. Покрај него, во тој временски период шампиони станале уште Сало Ландау, во 1936 година кога Макс Еве бил светски првак и не сенатпреварувал и Јан Хајн Донер во 1954 година. (повеќе...)