Википедија:Вики ја сака Земјата 2022/Македонија

Погледајте ги победничките фотографии на Вики ја сака Земјата 2022 во Македонија!

Лого на Вики ја сака Земјата во Македонија
Добре дојдовте на
Вики ја сака Земјата 2022
Македонија

Вики ja сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за заштитените подрачја во Македонија. Натпреварот беше првпат организиран во 2013 година од страна на Википедија на украински јазик, додека на македонско тло биле организирани изданијата во 2014 и 2015 година.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските заштитени подрачја. Фотографиите што ќе бидат подигнати, од страна на учесниците, на Ризница на Викимедија (Wikimedia Commons) под слободна лиценца, понатаму ќе можат да бидат користени за илустрирање на статии за тие подрачја на Википедија, како и за други слободни проекти!

Видеоупатство: Како да подигате слики во натпреварот
Награди!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Прва награда за најдобро оценета фотографија — денарска противвредност од бруто 400 евра
  • Втора награда за втора најдобро оценета фотографија — денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Трета награда за трета најдобро оценета фотографија — денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Четврта награда за најмногу фотографирани подрачја — денарска противвредност од бруто 300 евра
Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видеоупатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од подрачјата во Македонија, а потоа, подигнете ги на Ризницата со слободна лиценца преку Образецот за подигање слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (вид. во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку образецот за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

уреди
  1. Фотографијата мора да прикажува заштитено подрачје или дел/делови од подрачје што претставува природно наследство на Македонија. Погледајте го издвоениот список на Списокот на заштитени подрачја (заштитени објекти). Напомена: Само фотографии од градби кои се наведени во издвоениот список се сметаат за важечки.
  2. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат подигнати на Ризницата на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да направи/поседува корисничка сметка на истата.
  4. Секоја фотографија мора да биде подигната под лиценца за слободна документација: Криејтив Комонс Наведи извор 4.0 (CC BY-SA-4.0)
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот — период од еден месец: помеѓу 1 мај 2022 во 0:00:00 часот и 31 мај 2022 година во 23:59:59 часот по македонско (средноевропско) време.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот, а не е важно кога е направена, под услов да е подигната во времетраењето на натпреварот.
  7. Насловот на сликата да е на македонски јазик и на кирилица и јасно да го насловува местото кое е прикажано и да се разликува со места со кои дели исто име. Примери: „Речица (споменик на природата)“, доколку се повеќе слики „Речица (споменик на природата) (1)“, „Ѕвегор (геолошко наоѓалиште)“, „Црна дудинка во Лесновски Манастир“, „Тетовски чинари“. Исто така, задолжително да се стави опис на сликата на англиски и македонски јазик.
  8. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер (да нема уметнички лик и намера).
  9. Секоја подигната слика мора да биде категоризирана во Category:Images from Wiki Loves Earth 2022 in Macedonia.
  10. При закачувањето, секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{wle22mk|код}} која се додава во графата Други информации/Other information, каде што „код“ е типскиот код на подрачјето кое е фотографирано. Списокот на заштитени подрачја и нивните типски кодови е наведен подолу. Исто така, во графата други информации задолжително да се стави предлошката {{Wiki Loves Earth 2022|mk}}.
  11. Задолжително да бидат ставени и геокоординати од местото каде што се сликани. Геокординатите се ставаат од точката на фотографирање.
  12. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество со пополнување на Образецот за пријава на учесник. Секој учесник во него треба да наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Ризницата (Commons), како и е-пошта и телефонски број за контакт.
  13. За учесникот да ја добие наградата за најмногу фотографирани заштитени подрачја, потребно е да бидат фотографирани најмалку 5 различни заштитени природни подрачја на Македонија, со минимум 25 слики од различни кадри на едно заштитено природно подрачје.

Список на споменици

уреди

Список на заштитени природни подрачја и нивните кодови

уреди
Резервати
Код Заштитено подрачје
В02 Тиквеш
B04 Плоче Литотелми
B08 Непртка
B09 Калозјана
Споменици на природата
Код Заштитено подрачје
В03 Локви - Големо Коњари
B10 Ручица
C05 Трубаревски арборетум
C06 Млечник
C09 Превалец
C10 Каласлари
C11 Конопиште
C12 Бањичко Кале
C19 Манастир
C21 Моноспитовско Блато
C27 Белешничка Река
C31 Реликти во Дреновската Клисура
C32 Конче
C33 Мајден
C34 Шума од гол човек
C35 Дојрански платани
C36 Прељубишка јасика
C37 Калница
C38 Калиштански платани
C39 Карши Бавчи
C40 Козле
C41 Колешински платан
C42 Горнобелички костени
C43 Кратовски борови
C44 Македонски даб во Трпејца
C45 Мачевска црна топола
C46 Мокрински платани
C47 Мурите
C48 Орашац
C49 Орашачки даб
C50 Орлово Брдо
C51 Острово
C52 Охридски алепски борови
C53 Охридски чемпреси
C54 Охридски чемпреси (Црква „Св. Климент Охридски“)
C55 Прељубишки тополи
C56 Речица
C57 Струмички платани и брези
C58 Теовски платани
C59 Тетовски црн бор
C60 Тетовски платани
C61 Демиркаписки црни ореви
C62 Гладница
C63 Висока Чука
C64 Смоларски платан
D08 Катлановски Предел
Паркови на природата
Код Заштитено подрачје
B05 Менкова Ливада
B06 Тумба
B07 Рупа
D03 Суви Дол
D04 Иберлиска Река
D05 Гарска Река
D06 Голем Козјак
D07 Чам Чифлик
B11 Дреночка Река
Природни реткости
Код Заштитено подрачје
C13 Ѕвегор
C22 Мородвишки платани
F03 Црна дудинка во Лесновски манастир
F04 Охридски чинар (Плоштад „Крушевска Република“)
F05 Охридски чинар (Воска)
F06 Охридски чинар (Зграда на пензионерско здружение)
F07 Охридски чинар (Црква „Пресвета Богородица Перивлепта“)
F08 Охридски чинар (Зграда на Црвен крст)
F09 Охридски чинар (Горна Влашка Маала)
F10 Охридски чинар (Кошишта)
F12 Стамер (палеонтолошко наоѓалиште)
F13 Охридски чинар (Централно градско подрачје)

Повеќе информации

уреди

Образец за прикачување слики

уреди

Прикачи слики!

Надворешни врски

уреди