Геоозначување (анг. geotagging) — додавање на распознатливи метаподатоци на разни медиуми како фотографии, видеоснимки, мрежни места, SMS-пораки или RSS-канали и претставува облик на геопросторен метаподаток. Податоците најчесто се состојат од координати за географска ширина и должина, но може да содржат и надморска височина, правец, растојание, податоци за прецизноста, како и топоними.

Геоозначни податоци за JPEG-фотографија, прикажани на програмот gThumb
Геоозначувач „Solmeta N2 Kompass“ за фотоапарат Nikon

Геоозначувањето им овозможува на корисниците да пронајдат најразлични информации што се однесуваат на даденото место. На пример, ако сакаме да пронајдеме слики направени во околината на некое место, внесуваме географска ширина и должина во соодветен прелистувач на слики. Геоозначувањето исто така дава можност за пронаоѓање на новости, мрежни места и други извори на информации што се однесуваат на извесна месност.[1] Преку геоознаки можеме да ја дознаеме местоположбата на она што е прикажано на некоја слика или местото од кајшто е сликано и обратно, можеме да ги видиме расположливите слики и снимки за дадено место.

Поимот геокодирање е во потесно сродство со геоозначувањето, и се однесува на вметнување на географски координати во некоординатни географски показатели како улични адреси (или обратно кај обратното геокодирање). Ова може да се користи заедно со геоозначувањето како дополнително средство за пронаоѓање на она што се бара.

Методи на геоозначување

уреди

Основата на геоозначувањето е местоположбаа. Во највеќето случаи положбата се добива од Глобалниот систем за позиционирање (GPS) или Глобалниот навигационен сателитски систем (ГЛОНАСС), во облик на координати со географска ширина/географска должина што претставуваат извесна точка на Земјата од 180° западно до 180° источно долж екваторот и од 90° северно до 90° јужно долж нултиот меридијан.

Геоозначување на фотографии

уреди

Постојат две главни можности за геоозначување на фотографии. Заведување на GPS-информации во текот на самото сликање или „приложување“ на фотографија во карта по сликањето.

GPS-податоците се заведуваат во моментот на правење на фотографијата ако апаратот има вграден GPS-уред или посебен GPS уред приклучен на него. Денес сѐ повеќе мобилни телефони (како на пр. iPhone и Motorola Backflip) имаат веќе вграден GPS-чип заедно со вградениот апарат/камера и програм за автоматско геоозначување на сликите што се прават. Други може да го имаат чипот и апаратот, но немаат внатрешен програм за вградување на GPS-податоците во сликите. Можноста за автоматско геоозначување е присутна и кај некои дигитални фотоапарати како Nikon, Sony и Ricoh[2]. Уредите користат GPS, A-GPS или обете. Првичните информации може да се добијат побрзо со A-GPS ако корисникот е во опсег на предавател за мобилна телефонија, и може да работи подобро во внатрешни простории. Обичниот GPS нема потреба од предаватели за мобилна телефонија и користи стандардни GPS-сигнали вон населените места. Исто така, обичниот GPS користи повеќе батерија. На речиси секој дигитален апарат може да се постави GPS-уред и потоа, со картографски програм како GPS-Photo Link[мртва врска], Alta4 Архивирано на 7 јули 2011 г. или EveryTrail да се заведат положбените информации во делот за EXIF.

Географските координати можат да се вметнат во фотографијата и по нејзиното сликање, „приложувајќи“ ја на карта фотографијата со програми како Flickr и Panoramio. Потоа програмите ја запишуваат географската ширина и должина во делот за EXIF на сликата како метаподаток.

Формати за GPS

уреди

GPS-координатите можат да се претстават со текст на разни начини, со помалку или повеќе децимали:

Шаблон Опис Пример[3]
[-]d.d, [-]d.d Децимални степени со негативни броеви за југ и запад. 12.3456, -98.7654
d° m.m′ {N|S}, d° m.m′ {E|W} Степени и децимални минути со наставка N, S, E или W за север, југ, исток, запад 12° 20.736′ СГШ, 98° 45.924′ ЗГД
{N|S} d° m.m′ {E|W} d° m.m′ степени и децимални минути со претставка N, S, E или W за север, југ, исток, запад 12° 20.736′ СГШ, ЗГД 98° 45.924′
d° m' s" {N|S}, d° m' s" {E|W} степени, минути и секунди со наставка N, S, E или W за север, југ, исток, запад 12° 20' 44" СГШ, 98° 45' 55" ЗГД
{N|S} d° m' s", {E|W} d° m' s" степени, минути и секунди со претставка N, S, E или W за север, југ, исток, запад 12° 20' 44" СГШ, ЗГД 98° 45' 55"

Стандарди за геоозначување кај податотечните формати

уреди

Фотографии

уреди

Кај фотографиите снимени во форматот JPEG, геоознаките се вметнуваат во метаподатоците (складирани во формат EXIF или XMP). Овие податоци не се видливи на самата слика, туку нив ги читаат и запишуваат работат посебни програми и највеќето дигитални фотоапарати и современи отсликувачи. Географската ширина и должина се складира во децимален облик.[4] Ваквите информации можат да ги прочитаат многу програми како повеќеподложниот програм со отворен код ExifTool. Еве пример за заведени положбени податоци за фотографија:

GPS-должина                     : 57° 38' 56.83" СГШ
GPS-ширина                      : 10° 24' 26.79" ИГД
GPS-местоположба                : 57° 38' 56.83" СГШ, 10° 24' 26.79" ИГД

истите можат да се претстават и со децимални степени:

GPS-должина                     : 57.64911
GPS-ширина                      : 10.40744
GPS-местоположба                : 57.64911 10.40744

Кога се складирани во EXIF, координатите се претставени како низа рационални броеви во под-IFD на GPS. Еве еден шеснаесетеречеен (хексадецимален) складиштен приказ на тој дел од EXIF-метаподатоците (со големозавршеточен редослед на бајтите):

+ [GPS directory with 5 entries]
| 0)  GPSVersionID = 2 2 0 0
|     - Tag 0x0000 (4 bytes, int8u[4]):
|         dump: 02 02 00 00
| 1)  GPSLatitudeRef = N
|     - Tag 0x0001 (2 bytes, string[2]):
|         dump: 4e 00  [ASCII "N\0"]
| 2)  GPSLatitude = 57 38 56.83 (57/1 38/1 5683/100)
|     - Tag 0x0002 (24 bytes, rational64u[3]):
|         dump: 00 00 00 39 00 00 00 01 00 00 00 26 00 00 00 01
|         dump: 00 00 16 33 00 00 00 64
| 3)  GPSLongitudeRef = W
|     - Tag 0x0003 (2 bytes, string[2]):
|         dump: 57 00  [ASCII "W\0"]
| 4)  GPSLongitude = 10 24 26.79 (10/1 24/1 2679/100)
|     - Tag 0x0004 (24 bytes, rational64u[3]):
|         dump: 00 00 00 0a 00 00 00 01 00 00 00 18 00 00 00 01
|         dump: 00 00 0a 77 00 00 00 64

SMS-пораки

уреди

Стандардот GeoSMS работи на тој начин што вметнува една или повеќе 'geo' URI-назнаки во текстот на пораката. На пример:

Во кафана сум geo:-37.801631,144.980294;u=16

DNS-записи

уреди

RFC 1876 defines a начин на изразување на местоположба во системот на доменски имиња. Записот може да содржи географска ширина, географска должина, надморска височина, прецизност на положбата и физичката големина на предметот – сето тоа во прилог на една IP-адреса. Меѓутоа, во практика не сите IP-адреси имаат ваква евиденција, и затоа физичката положба на IP-адресите почесто се дознава преку служба за геопронаоѓање.

HTML-страници

уреди

Метод ICBM

уреди

Стандардот GeoURL[5] бара внос со ICBM-ознака[6] што е стандардот за геоозначување во страници со формат HTML:

<meta name="ICBM" content="50.167958, -97.133185">

Сличниот формат Geo Tag овозможува да се приложат и називите на месноста и областа:

<meta name="geo.position" content="50.167958;-97.133185">
<meta name="geo.placename" content="Селска Општина Роквуд, Манитоба, Канада">
<meta name="geo.region" content="ca-mb">

RDF-канали

уреди

Методот на RDF е утврден од Групата W3 и ги претставува информациите во облик на RDF-ознаки:[7]

<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:geo="http://www.w3.org/2003/01/geo/wgs84_pos#"> <geo:Point> <geo:lat>55.701</geo:lat> <geo:long>12.552</geo:long> </geo:Point> </rdf:RDF>

Микроформат

уреди

Микроформатот Geo овозможува координатите во HTML-страници да се означуваат на начин што програмските алатки можат да ги „откриваат“. На пример:

<span class="geo">
<span class="latitude">50.167958</span>; 
<span class="longitude">-97.133185</span>
</span>

што може да се прикаже како:

50.167958; -97.133185

(давајќи жив микроформат Geo на страницата).

Разработен е и предлог[8] за проширување на Geo за да покрива и други места во Сончевиот Систем како Марс и Месечината.

Местото за споделување на фотографии Flickr дава геограгски податоци за сите геоозначени слики и тоа во сите горенаведени формати.

Википедија

уреди

Википедија има можност за додавање на геоозначени информации во статиите и сликите, користејќи го шаблонот {{coord}}. На Ризницата, местоположбата на апаратот почесто се означува со шаблонот {{location}}. Вметнатите координати се прикажуваат во горниот десен агол како врска до Toolserver,[9] овозможувајќи му на корисникот да дојде до разни други географски содржини на интернет.

Геоозначување во системите со ознаки

уреди

Не постои индустриски стандард за вакво означување, но постојат разни постапки за придодавање на метаподатоци за географска положба во некоја информација. Еден начин, воведен на Geobloggers кој се користи во сè повеќе мрежни места за споделување нафотографии како Panoramio и Flickr, а местото за друштвено бележење del.icio.us има можност за пронаѓање на содржини по место. На сите нив корисникот може да додава метаподатоци во информацијата преку т.н. „машински ознаки“ (вид. фолксономија).

geotagged
geo:lat=57.64911
geo:lon=10.40744

Со ова се наведуваат географските координати на дадено место во облик на географска ширина (geo:lat) и географска должина (geo:lon). Тие се изразуваат во децимални степени во појдовникот (datum) WGS84, кој доаѓањето на GPS е прифатен како стандарден геодетски појдовник.

Употребата на три ознаки е во склад со барањето да се користат само единечни зборови. Геоозначените слики и др. на места како Flickr и del.icio.us се врши со пребарување на ознаката 'geotagged', бидејќи ознаките што почнуват со 'geo:lat=' и 'geo:lon=' се мошне колебливи.

Друга можност е означувањето да се врши со геотараба (geohash):

geo:hash=u4pruydqqvj

FlickrFly предлага уште еден метод, каде ознаките наведуваат предложен агол на гледање и растојанието кога геоозначеното место се гледа на Google Земја:

ge:head=225.00
ge:tilt=45.00
ge:range=560.00

Овие три ознаки ни кажуваат дека апаратот е насочен на 225° (југозапад), навален е за 45° и дека е оддалечен 560 метри од предметот.

При користењето на вакви податоци, треба да се има на ум дека местоположбата на објектот може да се разликува од местоположбата заведена во EXIF-податоците на апаратот.

Геоблогирање

уреди

Геоблогирањето претстаува приложување на дадени информации за географска местоположба во блог-записи преку „геоознаки“. Пребарувајќи список на вака означени блогови и слики им овозможува на корисниците да одберат поединечни полиња на интерес на интерактивни карти.[10]

Со напредокот на GPS-технологијата и разните програми на интернет, геоблогирањето имаат стекнато на популарност. Со поголемата застапеност на GPS-телфоните и можноста за следење даваат можност за т.н. моблогирање, каде записите во блогот се означуваат со точната местоположба на корисникот. Геоозначување во живо предава автоматски геоозначени медиуми како фотографии и видеоснимки за моментално објавување и споделување.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Anick Jesdanun, AP (18 јануари 2008). „GPS adds dimension to online photos“. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 19 јануари 2008.
  2. Фотоапарати со вградени GPS-уреди Архивирано на 23 мај 2010 г. (англиски)
  3. Македонските кратенки за географска ширина и должина обично се прикажуваат со дополнителен код за преворање (пример). Инаку се прикажуваат латиничните N, S, E и W.
  4. Во овој формат, координатата со позитивен знак значи дека местото се наоѓа на северната и источната полутопка, додека пак негативниот знак укажува на положба во јужната и западната полутопка.
  5. „Adding yourself to GeoURL“. Архивирано од изворникот на 2008-05-15. Посетено на 30 јули 2008-. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. The Internet Engineering Task Force. „Geographic registration of HTML documents“. Посетено на 30 јули 2008.
  7. W3C Semantic Web Interest Group. „Basic Geo (WGS84 lat/long) Vocabulary“. Посетено на 30 јули 2008.
  8. „Geo Extension Straw-Man Proposal“. Посетено на 28 декември 2007.
  9. „Wikimedia Toolserver“. Посетено на 30 јули 2008.
  10. „Пример за слики со геоознака, поставени со мобилен телефон“. (англиски)

Надворешни врски

уреди