Википедија:Вики ја сака Земјата 2015/Македонија

Погледајте ги победниците на „Вики ја сака Земјата 2015“ во Македонија!

Лого на Вики ја сака Земјата
Добре дојдовте на
Вики ја сака Земјата 2015
Македонија
Кораб, Национален парк „Маврово“Бистра, Национален парк „Маврово“
Видеоупатство за натпреварот

Вики ја сака Земјата (англиски: Wiki Loves Earth; WLE) — натпревар на фотографии организиран од Википедија/Викимедија за спомениците на природата, заштитените природни подрачја, како и сите природни убавини во Македонија. Натпреварот беше првпат организиран во 2013 г. од страна на Википедија на украински јазик, a во 2014 г. се спроведе во повеќе различни земји, меѓу кои и Македонија, и тоа со голем успех.

Целта на натпреварот?

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од македонските национални паркови, природни резервати и заштитени споменици на природата. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Заедничката ризница на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!

Приказ на патот на една фотографија до Википедија, преку слободна лиценца на Заедничката ризница
Награди!

Најуспешните фотографии според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Една прва награда – денарска противвредност од бруто 300 евра
  • Една втора награда – денарска противвредност од бруто 200 евра
  • Три трети награди – денарска противвредност од бруто 100 евра
  • Наградени ќе бидат и петте најголеми придонесувачи, во денарска противвредност од бруто 100 евра

Сите фотографии кои ќе бидат дел од натпреварот, истовремено учествуваат во меѓународниот избор на петнаесет најдобри фотографии на спомениците на природата и заштитените природни подрачја на светско ниво, во конкуренција со сите останати земји учеснички кои го спроведуваат овој ист натпревар во своите земји.

Како да учествувам?
  1. Внимателно прочитајте ги правилата за учество и изгледајте го видеоупатството;
  2. Направете квалитетни фотографии од документарен карактер од природата во заштитените области во Македонија, а потоа, прикачете ги на Заедничката ризница со слободна лиценца преку образецот за прикачување слики. Не заборавајте да ја дадете предлошката (видете во правилата);
  3. Пријавете се за учество, наведувајќи ги Вашите информации преку образецот за пријавување;

Правила за учество на натпреварот

уреди
  1. Фотографијата мора да прикажува објект или дел од објектите (на пример, флора, фауна, природни образби) што се дел од природното наследство во Македонија во областите кои се наведени во списокот подолу.
  2. Фотографиите не треба да содржат дигитален жиг, или да бидат во голема мера дигитално изменувани.
  3. Фотографиите мора да бидат прикачени на Заедничката ризница на Викимедија (Wikimedia Commons). За ова секој учесник мора да поседува корисничка сметка на Заедничката ризница.
  4. Секоја фотографија мора да биде подигната под лиценца за слободна документација: Криејтив комонс Наведи извор 3.0.
  5. Сите фотографии мора да бидат прикачени за време на одржување на натпреварот: помеѓу 1 мај 2015 во 0:00:00 часот и 31 мај 2015 г. во 23:59:59 часот.
  6. Автор на фотографијата мора да биде самиот учесник во натпреварот.
  7. Содржината на фотографијата мора да биде од документарен карактер.
  8. Секоја подигната слика мора да ја содржи предлошката {{wle15mk|код}}, каде што „код“ е шифрата на областа која е фотографирана. Списокот на областите и нивните шифри е наведен подолу.
  9. Сликите мора да имаат соодветен, описен наслов. Пожелно е за сликите да се додаде опис, како и геокоординати од местото каде што се сликани.
  10. Учесникот во натпреварот мора да биде пријавен за учество преку пополнување на образецот на оваа врска: http://wle.mk/?page_id=2. Учесникот треба да го наведе неговото име и презиме, корисничкото име на Ризницата (Commons), како и е-пошта и телефонски број за контакт.

Список на заштитени природни подрачја и нивните кодови

уреди
Национални паркови
Код Област
A01 Национален парк Пелистер
A02 Национален парк Маврово
A03 Национален парк Галичица
Природни резервати
Код Област
В01 Езерани
В02 Тиквеш
В03 Локви
B04 Плоче Литотелми
Споменици на природата
Код Област
C01 Охридско Езеро
C02 Преспанско Езеро
C03 Дојранско Езеро
C04 Маркови Кули
C05 Арборетум-Трубарево-Острово
C06 Млечник
C07 Убавица
C08 Слатински Извор
C09 Превалец
C10 Караслари
C11 Конопиште
C12 Кале Бањичко
C13 Звегор
C14 Колешински Водопад
C15 Базалтни плочи
C16 Вевчански извори
C17 Дувало (Косел)
C18 Скопско кале
C19 Манастир (Мариово)
C20 Демиркаписка Клисура
C21 Моноспитовско Блато
C22 Мородвис
C23 Кањон на Градешничка Река
C24 Смоларски Водопад
C25 Горна Слатинска пештера
C26 Куклица
C27 Белешничка Река
C28 Зрзе
C29 Водно
C30 Кањон Матка
C31 Дренечка Клисура
C32 Конче
C33 Мајдан
Парк на природата
Код Област
D01 Катлановско Блато
D02 Попова Шапка
D03 Суви Дол
D04 Иберлиска Река
D05 Гарска Река
D06 Голем Козјак
Заштитен предел
Код Област
E01 Гази Баба
Повеќенаменско подрачје
Код Област
F01 Јасен
Други подрачја
Код Област
G01 други подрачја

†Сликите од сите други природни подрачја (на пр. реки, котлини, висорамнини, езера...) на територијата на Република Македонија, кои не се спомнати во некој од погорните заштитени области, можат да се подигнуваат со кодот „G01“.

Повеќе информации

уреди

Образец за прикачување слики

уреди

Прикачи слики!

Надворешни врски

уреди