Викиншка епоха

(Пренасочено од Викиншко доба)

Викиншката епоха се однесува на историјата на Европа, односно за деловите на Северна Европа и Скандинавија, во периодот од VIII век до XI век.[1][2][3]

Камен од Викиншка ера, Готланд, Шведска.

Историски тези

уреди

Во Англија, викиншката епоха започнала драматично на 8 јуни, 793[4] кога тие извршиле инвазија и ја уништиле опатијата во Линдисфарн, која била центар на школување низ целиот континент. Некои од монасите биле убиени во самата опатија, некои биле фрлени во морето каде биле удавени, а имало и такви кои биле заробени кои служиле како робови. Исто така од црквата било земено и целото нејзино богатство. Викиншката инвазија на Нортумрија ја изненадила целата европска јавност и претставувала голема закана за кралствата во Европа. "Никогаш порано не се видело такво злосторство," рекол англосаксонскиот научник Алкуин од Јорк.

Заднина

уреди

Викинзите, кои извршиле инвазија во Западна и Источна Европа потекнувале главно од Данска, Норвешка и Шведска. Тие, исто така, се населиле на Фарските Острови, Исланд, Кеитнес во Шкотска, и Гренланд (накусо) во Северна Америка. Нивниот јазик станал т.н мајка-јазик на денешните нордиски јазици. Од 801, во Јутиленд била воспоставена една силна централна власт. Од 800 година, во Норвешка постоеле околу 30 мали кралства. Скандинавскиот свет како најлесен начин на комуникација помеѓу кралствата и надворешниот свет ги користиле бродовите. Во 8 век започнале да се градат воени бродови кое го олеснило колонизирањето на Викинзите во непознатите острови и територии.

Упад

уреди

Викиншкото општество се засновало на земјоделството и трговијата со другите народи и ставало голем нагласок врз концептот на чесноста при водењето на борба (на пример, според нив било неправилно да се нападне непријателот кој веќе имал отворено војна со некој друг) и во кривично правниот систем .

Технологија

уреди

Религија

уреди

Култура

уреди

Наводи

уреди