Ивица Челиковиќ (Скопје, 1962) — поет, раскажувач и преведувач. Живее и работи во Гетеборг, Шведска.

Ивица Челиковиќ
Роден/а1962
Македонија Скопје, Македонија
Занимањепоет, раскажувач и преведувач
Апсолвент наИнститут за новинарство - Скопје

Животопис уреди

Ивица Челиковиќ е роден во Скопје во 1962 година. Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Студирал и на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Од 2003 година е член на Сојузот на шведските писатели.[1]

Творештво уреди

Ивица Челиковиќ е автор на повеќе авторски дела, поетски збирки и романи.

Преведува шведска литература на македонски. Превел над четириесет дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Јонас Хасен Кемири, Катарина Фростенсон, Фредрик Бакман и Хелена Хеншен. Превел и еден роман од норвешки од Кирсти Блум.

Преведува и македонска литература на шведски. Составувач е на антологијата „Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005 година. [1]

Дела уреди

  • Школки во рацете (поезија, 1990),
  • Долги граници со небото (поезија, 1992),
  • Метаморфози на патот (поезија, 2002),
  • Зад источната линија (роман, 2004),
  • Возови во пајакова мрежа (поезија, 2006),
  • Праг и огледало (поезија, 2008),
  • Во ѕидот знак (поезија, 2010),
  • Сенки на северот (избор од поезијата, 2013),
  • Skuggor bakom muren (поетски избор во превод на шведски, 2014),
  • Седмиот ден (роман, 2014),
  • Во друга светлина (поезија, 2015),
  • Војници во гумени чизми (роман, 2016),
  • Луѓе без минато (роман, 2018),
  • Ден за одмазда (роман, 2021),
  • Позлатено распетие (поезија, 2022),
  • Поинаков сон (поезија, 2023)
  • Туѓинци и браќа (роман, 2023)

Награди уреди

Добитник е на повеќе награди:

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Ивица Челиковиќ“. Антолог. Посетено на 20 март 2022.
  2. „Доделени книжевните награди за минатата година“. Макфакс. 07.02.2022. Посетено на 7 февруари 2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „РЕЗУЛТАТИ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „КАРАМАНОВ 2023". Radovis News - Прв Online медиум во Радовиш ... (англиски). Посетено на 2023-11-16.