Васов Град (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Васов Град

Карта

Местоположба 41°10′12″N 22°02′12″E / 41.17000° СГШ; 22.03667° ИГД / 41.17000; 22.03667
Основни податоци
Место Мрежичко
Општина Кавадарци
Тип

 утврдена населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Васов Град (или Власов Град) — археолошко наоѓалиште во кавадаречкото село Мрежичко. Претставува утврдена населба од доцноантичко време.

На оддалеченост од 5,5 км од селото, на падините на Кожуф, на истоимената палеовулканска купа (рид) со зарамнет врв се гледаат грамади од градежен камен, фрагменти од керамички садови, питоси и згура од топена руда. И. Микулчиќ укажува и на најдени монети од III и IV век.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-28-6.