Источногермански јазици

Источногерманските јазици се група исчезнати индоевропски јазици од германското семејство. Единствениот познат пишан источногермански јазик е готскиот. Покрај овој, во источногерманските јазици спаѓаат вандалскиот, бургундскиот и кримскоготскиот. Се сметка дека кримскиот готски се одржал сè до XVIII век.

Источногермански
Готски
Географска
распространетост:
Источна Европа
Класификација:индоевропски
Гранки:
ISO 639-5:gme

Според Јордан, Прокопиј, Павле Ѓаконот и други летописци, но и според линвгистичките наоди (вид. Готски јазик), топонимите, и археолошките наоди, се смета дека источногерманските племиња кои ги говореле овие јазици дошле од Скандинавија и го населиле подрачјето помеѓу реките Одра и Висла во периодот околу 600 - 300 п.н.е. Впрочем, скандинавското влијание во Померанија и северна Полска од периодот III натаму било толку силно, што овој регион понекогаш се смета за дел од културата на нордиското бронзено време (Dabrowski 1989:73).

Раселувањето на германските племиња во Средна Европа, дотогаш населена претежно од Келти:[1]
   Населувања пред 750 п.н.е.
   Нови населувања кон 500 п.н.е.
   Нови населувања кон 250 п.н.е.
   Нови населувања кон 1 г. н.е.
Некои извори, исто така, го даваат датумот од 750 п.н.е. за најраното ширење надвор од јужна Скандинавија и северна Германија по должината на брегот на Северното Море кон устието на Рајна.[2]

Постојат археолошки и топонимни докази дека Бургундите живееле на островот Борнхолм во Данска (нордиски: Borgundarholm).

Источногерманските племиња биле во сродство со северногермански племиња, ја напуштиле Скандинавија и се населиле источно од Елба (Вандали, Бургунди, Готи, Руги и други).[3]

Поврзано

уреди

Белешки и наводи

уреди
  1. Kinder, Hermann (1988), Penguin Atlas of World History, I, London: Penguin, стр. 108, ISBN 0-14-051054-0.
  2. „Languages of the World: Germanic languages“. The New Encyclopædia Britannica. Chicago, IL, United States: Encyclopædia Britannica, Inc. 1993. ISBN 0-85229-571-5.
  3. The Penguin atlas of world history, Hermann Kinder and Werner Hilgemann; превел: Ernest A. Menze; картографи: Harald and Ruth Bukor. Harmondsworth: Penguin Books. ISBN 0-14-051054-0 1988. Том 1, стр. 109.

Наводи

уреди
  • Dabrowski, J. (1989) Nordische Kreis und Kulturen Polnischer Gebiete. Die Bronzezeit im Ostseegebiet. Ein Rapport der Kgl. Schwedischen Akademie der Literatur, Geschichte und Altertumsforschung über das Julita-Symposium 1986. Ed Ambrosiani, B. Kungl. Vitterhets Historie och Antikvitets Akademien. Konferenser 22. Stockholm. ISBN 91-7402-203-2
  • Demougeot, E. La formation de l'Europe et les invasions barbares, Paris: Editions Montaigne, 1969–74.
  • Kaliff, Anders. 2001. Gothic Connections. Contacts between eastern Scandinavia and the southern Baltic coast 1000 BCE – 500 CE.
  • Musset, L. Les invasions: les vagues germanique, Paris: Presses universitaires de France, 1965.
  • Nordgren, I. 2004. Well Spring of The Goths. About the Gothic Peoples in the Nordic Countries and on the Continent.