Ваш (округ)
Ваш Vas megye | |
Регион | Западен прекудунавски регион |
Административен центар | Сомбатхељ |
Површина | 3.336,20 км2 |
Население | 261.877 (2008) |
Густина на населението | 78 /км2 |
Број на населени места | 216 |
Мрежно место | www.vas.hu |
Ваш (унгарски: Vas; германски: Eisenburg; словенечки: Železna županija) е името на административниот округ (comitatus или megye) во денешна Унгарија, а исто така и во поранешното Кралство Унгарија. Главен на округот е Сомбатхељ.
Географија
уредиОкругот Ваш се наоѓа во западна Унгарија. Своите граници ги дели со Австрија и Словенија, како и со унгарските окрузи: Ѓер-Мошон-Шопрон, Веспрем и Зала. Главен административен центар со целосни права е градот Сомбатхељ. Ваш зафаќа површина од 3,336 км2.
Историја
уредиВаш е исто така и името на историскиот административен округ (comitatus) на поранешното Кралство Унгарија. Неговата територија денеска се наоѓа во западна Унгарија, источна Австрија и источна Словенија. Главен град на округот бил Сомбатхељ.
Округот Ваш бил една од првите окрузи на Кралството Унгарија.
Во 1918 (подоцна потврдено и со Договорот од Тријанон 1920), западниот дел на округот станал дел од новата австриска земја Бургенленд, и мал дел во југозападот познат како Вендвидек станал дел од новоформираното Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (Југославија). Во областа Вендвидек во 1919 година, била создадена непризнатата држава Прекмурје, како и во Бургеленд, Република Лајтабансаг. Останатиот дел останал во Унгарија, во границите на денешниот округ. Мал дел од порашениот округ Сопрон, станал дел од Ваш. Некои села северно од Залаегерсег, станале дел од округот Зала и смал регион западно од Папа, станал дел од Веспрем округот.
Од 1991 година, кога Словенија се здоби со независносто од Југославија, југословенскиот дел од поранешниот Ваш округ, денеска е дел од Словенија.
Округот Ваш претставува дома на мало словенско малцинство, коешто живее во областа помеѓу градот Шентготхард и словенската граница.
Галерија
уреди-
Воздушна фотографија на Сомбатхељ, главниот административен центар на округот.
-
Воздушна фотографија на палатата Икервар.
-
Поглед од горе на храмот Јак.
-
Палатата Сени.
Надворешни врски
уреди„Ваш (округ)“ на Ризницата ? |