Б’лгарово
Б’лгарово (бугарски: Българово) — град во Југоисточна Бугарија, припаѓа на општината Бургас во Бургаската Област. Има население од околу 1.943 жители (2022).[1]
Б’лгарово Българово | |
---|---|
град | |
Градското собрание на Б’лгарово | |
Местоположба на Б’лгарово во Бугарија | |
Координати: 42°37′12.37″N 27°18′21.19″E / 42.6201028° СГШ; 27.3058861° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Бургас |
Општина | Бургас |
Управа | |
• Градоначалник | Јордан Јорданов (ГЕРБ) |
Површина | |
• Вкупна | 52,035 км2 (20,091 ми2) |
Надм. вис. | 72 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 1,943 |
• Густина | 37/км2 (97/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 8110 |
Повик. бр. | +359 05915 |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа на 21 км северозападно од областниот центар Бургас, 6 км северно од Камено, 16 км југоисточно од Ајтос и 365 км од главниот град Софија. Градот исто така се наоѓа на околу еден километар северно од автопатот Тракија.
Историја
уредиЗа време на османлиското владеење, населбата имала грчко говорно население и се викала Урум Еникјој. За време на Руско-турската војна во зимата на 1877-1878 година, поголемиот дел од населението било масакрирано со повлекување на башибозучките и черкеските банди.[2][3] Подоцна населбата почнала да ја населуваат Бугари - главно бегалци од Одринска и Беломорска Тракија, кои овде се населиле по Балканските војни во периодот 1912-1913 година. Во 1934 година селото било преименувано во Б’лгарово а во 1974 година добило статус на град.
Јавни институции
уредиНаводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ „Освобождаване на Бургас“. Архивирано од изворникот на 2012-03-24. Посетено на 2022-08-22. Занемарен непознатиот параметар
|accsess_date=
(help); Занемарен непознатиот параметар|web_adres=
(help) - ↑ Иван Карайотов, Стоян Райчевски, Митко Иванов: История на Бургас. От древността до средата на ХХ век, Печат Тафпринт ООД, Пловдив, 2011, ISBN 978-954-92689-1-1, стр. 135 – 138
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |