Буламација
Буламација (грчки: Μπουλαμάτσια) — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Буламација Μπουλαμάτσια | |
---|---|
Координати: 39°58′N 23°25′E / 39.967° СГШ; 23.417° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидик |
Општина | Касандра |
Општ. единица | Каландра |
Надм. вис. | 50 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиБуламација се наоѓа на 110 километри јужно од градот Солун и на 15 километри јужно од центарот на општината Касандра, на источниот дел од полуостровот Халкидик.
Историја
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Демографија
уредиЗа првпат се споменува на пописот од 1981 година кога имало 12 жители, додека на пописот од 1991 имало 18 жители[2]. Денеска, населението на селото е само 1 жител според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | 12 | 18 | 9 | 1 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 179.