Буково (Ресенско)

поранешно село во Ресенско, денес во Општина Охрид

Буково — историско село во Ресенско, денес во крајниот јужен атар на селото Свиништа, Општина Охрид.

Буково
Буково во рамките на Македонија
Буково
Местоположба на Буково во Македонија
Буково на карта

Карта

Координати 41°10′8″N 20°56′44″E / 41.16889° СГШ; 20.94556° ИГД / 41.16889; 20.94556
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Население нема жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 19041
Надм. вис. 1200 м

Географија уреди

Селото се наоѓало во густа букова шума на планински превој меѓу Галичица од југ и Плакенска Планина на север, на надморска височина од околу 1.200 м[2]. Лежело кај изворите на Крива Река, под врвот Бандера.[3] Денес местото е на самата граница со Општина Ресен (крајниот источен агол на атарот на Горно Крушје).

Историја уреди

Буково било старо македонско село кое порано било православно. Во турските дефтери од 1519 г. селото се спомнува со 44 православни семејства, а во 1583 г. се води со 40 православни семејства.[2]

Во втората половина на XVIII век населението овде живееле Македонци-муслимани, а потоа се населиле и Албанци-муслимани.[2] Во турските документи се спомнува дека селото било дервенџиско (биче чувари на превојот).

На австроунгарска воена карта е означено како Буково (Bukovo).[4]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го звел Буково како село во Ресенската каза со 17 куќи на Македонци-муслимани, чие машко население се состоело од 70 лица.[5][6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. во Буково (Boukovo) е село во Ресенската каза со 15 домаќинства во кои живеат 32 жители муслимани.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Буково, Ресенска нахија на Битолската каза, жвееле 120 Македонци христијани.[5][8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Буково е претставеноа како чисто албанско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 91 куќа.[9] Лев Огненов во 1902 г. го води Буково со 41 куќа сочинета од 199 жители.[2]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Буково (Bukovo) имало 210 Албанци.[10] Според Георги Трајчев во 1912 г. селото имало 25 куќи во кои живееле 163 Албанци.[2]

Селото е засекогаш напуштено за време на Балканските војни кога неговото население се иселило во Охрид и Ресен.[2] По отпишувањето на Буково, неговиот атар влегол во атарот на Свиништа.

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа: местоположба, историски развој и минато (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 64. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  3. Топографска карта ЈНА 1: 50.000.
  4. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  5. 5,0 5,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 302.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 86–87. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 242. ISBN 954430424X.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 18.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 170–171.