Бугари во Србија или Српски Бугари (српски: Бугари у Србији / Bugari u Srbiji) — поим користен за обележувајќи Срби и други словенски народи во Србија којшто заради политички или економски причини се декларираат како Бугари. Терминот исто така обележува луѓе којшто заради поранешната бугарска пропаганда во Србија за време на нејзината окупација во првата светска војна сега се сметаат како Бугари.

Бугари во Србија
Бугари у Србији
Bugari u Srbiji
Знаме користено за вештачкото малцинство во Србија
Вкупен број
12,918 (2022)[1]
Подрачја со значајно население
Босилеград4,075 (67.19%)[2]
Димитровград3,669 (45.62%)[2]
Јазици
Српски јазик
Вероисповед
Православни (Членови во БПЦ и СПЦ)

Според српскиот попис во 2022 година имало 12,918 Бугари во Србија или 0,2% од населението, помалку од Македонците во Србија. Тие претежно се населени во Босилеград и Димитровград. За времето на Комунистичка Југославија под водство на Јосип Броз вештачкото малцинство било признаено во СР Србија, но нивното признание било заради политички причини наместо за интересот на вештачкото малцинство.[3]

Историја

уреди
 
Поставувањето на споменикот на револуционер Васил Левски во Босилеград, Левски бил учесник во српската армија како србофил.[4]

Историјата на вештачкото малцинство почнало со окупацијата на Србија и Македонија за време на првата светска војна од страна на Царството Бугарија. Во регионите којшто ги окупирале тие почнале да ја одвиваат нивната бугаризациска политика, сите граѓани којшто не ја следиле пропагандата биле казнети. За време на првата светска војна Роми, Срби и Македонци биле депортирани во 22 различни бугарски логори заради тоа што не ја следиле пропагандата.[5] Тие го преместиле депортираното население со бугарско население од Бугарија, освен депортација тие исто така уништиле многумина српски цркви и свештеници во регионите којшто ги окупирале и ги преместиле со бугарски.[6]

После првата светска војна со Нејскиот мировен договор бугарската држава ги изгуби дел од нејзините територии и биле приклучени во тогашното ново создадено Кралство Југославија, во русофилската бугарската историографија изгубените територии се именувани како Западни покраини. Според неколкумина наводи, историјата на вештачкото малцинство почнало со загубата на првата светска војна кога териториите каде што го преместиле српското население со бугарско било дадено кон Југославија.[7] Некој бугарски националисти сметаат дека има околу 100.000 Бугари во Србија.[8] За време на априлската војна како дел од втората светска војна Кралството Југославија повторно подпаднало под сурова бугарска фашистичка окупација, за време на војната тие ја продолжиле нивната политика на бугаризација во Србија и во Македонија. После распаѓањето на Бугарија и создавањето на комунистичка влада, русофилската историографија се обидувала да ја претстави Бугарија како учесник во народната ослободителна борба во Македонија и Србија.

После втората светска војна и создавањето на нова Комунистичка Југославија, вештачкото бугарско малцинство било признаено како малцинство во Социјалистичка Србија, но главната причина за нивното признание било заради тоа што Јосип Броз Тито сакал да подобрил односи со тогашниот водач на Бугарија Георги Димитров, којшто бил Македонец по потекло. За време на владеењето на ксенофобот Тодор Живков тој го злоупотребил малцинското право на вештачките Бугари да го потценил постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Живков исто така го користил како обид да го негира постоењето на македонското малцинство во Србија.[3] После следните пописи во Југославија бројот на Бугари се намалило. Во 1948 година имало 55.984 „Бугари“ додека во пописот организиран во 1991 година имало само 24.335. Нивниот број исто така се намалил и во Војводина. Единствен раст кај Бугари во Србија за време на Југославија било во Косово и Метохија каде што се зголемило од 77 до 178 Бугари, но причината за растот било заради бугаризацијата на македонското малцинство во Косово.[9]

Во 20 октомври 1990 година уредувачите на бугарскиот весник во Србија „Братство“ Кирил Георгијев и Прокопи Попов ја формирале дружината „Демократска Федерација за Бугарите во Југославија“ (српски: Демократски савез Бугара у Југославији / Demokratski savez Bugara u Jugoslaviji). Според професорот Попов, условите за вештачкото малцинство биле поволни, дружината исто така најавила дека биле на страна на Србија за косовското прашање за независност. Тие исто така истакнале интерес на соработување со вештачкото политичко создадено бугарско малцинство во Македонија, но тие цели никогаш не биле исполнети.[10]

Денес правата на вештачкото малцинство се почитувани, но бугарската влада посакале повеќе моќ на малцинството заради тоа што посакале да ја обиколат Македонија со држави којшто го имаат признаено вештачкото бугарско малцинство во нивниот устав. Тоа им била главната мотивација на организирањето на масовното бугаризирање на македонското малцинство во Албанија, слично процеси на бугаризација исто така се одвиваат во Косово ден денес.[11] Бугарскиот јазик е признаено малцински јазик во општините Димитровград и Босилеград, познато како Цариброд во бугарски извори. Има училиште во тие региони којшто го предаваат бугарскиот јазик, многумина млади во тие региони одат во Софија и Белград за повисоко образование. Во тие општини исто така има неколку приватни културни институции, како „Цариброд“ од Димитровград, тие исто така ги имаат весниците „Најмногу“, „Братство“ и магазинот „Другарче“.[7]

Демографија

уреди

Според пописот од 2022 година, во Србија имало 12.918 Бугари, помалку од бројот на Македонци во Србија. Тие се главно се раселени во две општини во близина на границата на Србија со Бугарија: во Босилеград има 5.839 „Бугари“, односно 71,9% од населението додека во Димитровград има 5.413 „Бугари“ или 53,5% од населението.[12][13] Според едно истражување од Дојче Веле, бројот на „Бугари“ во Босилеград е фалсификуван, според едно интервју со ромското население во гетото Лалош за време на пописот во 2022 година Владимир Захариев, градоначалникот на Босилеград лажно го претставил целото население во гетото како „бугарско“ без нивното одобрување, тие истакнале како никогаш не им спомнало и едно семејство открило после пописот кога побарале помош од Црвен крст и црвена полумесечина и откриле во нивните документи за Црвен крст биле лажно претставени како „Бугари“.[14] Исто така само дел од населението којшто се декларирало како бугарско во пописот го знаат бугарскиот јазик.

Година Број на „Бугари“ Број на луѓе кој зборуваат бугарски Процент од вкупното население Раст
1948 59.472 1,0%
1953 60.146 59.166 1,0% +1,13%
1961 58.494 0,9% -2,74%
1971 53.800 49.942 0,7% -8%
1981 33.455 35.269 0,4% -37,8%
1991 26.698 25.408 0,3% -20,2%
2002 20.497 16.459 0,3% -23,2%
2011 18.543 13.337 0,3% -9,5%
2022 12.918 7.939 0,2% -30,3%

Познати личности

уреди

Наводи

уреди
  1. „Final results - Ethnicity“. Почетна. 2023-07-14. Посетено на 2023-12-07.
  2. 2,0 2,1 „Population by ethnicity, by areas“ (PDF). Посетено на 2023-12-07.
  3. 3,0 3,1 Job, Cvijeto (2002). Yugoslavia's Ruin, The Bloody Lessons of Nationalism, a Patriot's Warning. Rowman & Littlefield. стр. 113. ISBN 9780742517844.
  4. Скандал за Бугарија - Левски бил српски легионер и грчки монах (2021) од МКДенес
  5. Дамческа, Марина (2021). „Српски историчар: Бугаризација на Србија и Македонија во Првата светска војна – цивили депортирани во 22 бугарски логори“. Слободен Печат.
  6. Николиќ, Ивана (12 април 2019). „Србија под бугарска окупација: документирање на злосторствата од Првата светска војна“. БИРН.
  7. 7,0 7,1 OSCE Mission in Serbia (2008). Ethnic Minorities in Serbia, An Overview (PDF). OSCE. стр. 10.
  8. Univerzitet u Nišu (1999). Facta Universitatis, Series philosophy and sociology. University of Niš. стр. 7.
  9. Publicističko-izdavački zavod "Jugoslavija" (1994). Yugoslav Survey. Jugoslavija Publishing House. стр. 55.
  10. Poulton, Hugh (1993). The Balkans, Minorities and States in Conflict. Minority Rights Group. стр. 97. ISBN 9781873194409.
  11. Флагрантна потврда за агресивната политика на Софија за демакедонизација (2023) од Јасминка Павловска, објавено во Нова Македонија
  12. „Ethno-confessional and language mosaic of Serbia“ (PDF). Statistical Office of the Republic of Serbia. 2014.
  13. Новаковиќ, Игор (2013). Българите в СърБия и сръбско-българските отношения в светлината на европейската интеграция на сърбия (PDF). Център за международни въпроси и въпроси на сигурността. стр. 23.
  14. Ѓукиќ, Јелена (21 мај 2022). „Ромите од Босилеград не сакаат да бидат Бугари“. Дојче Веле.