Бубрежна инфекција

Бубрежната инфекција или пиелонефритинфекција којашто настанува кога некои организми, обично бактерии, ќе влезат во телото и стигнуваат до бубрезите, каде предизвикуваат оток и воспаление. Воспалението на бубрезите може да биде акутно (кое доаѓа одеднаш) и хронично (кога се појавува повремено и трае многу години).

Дијаграмот ја покажува типичната локација на болката

Бубрежните инфекции се многу сериозни. Кога не се лекуваат, можат да доведат до трајно оштетување на бубрезите кое може да доведе до бубрежни болести. Инфекцијата, исто така, може да се прошири на крвта, предизвикувајќи труење на крвта. Секој може да добие воспаление на бубрезите, но кај жените во текот на бременоста постои голем ризик, делумно затоа што притисокот на фетусот на мочниот меур го отежнува целосното празнење на мочниот меур (мочта што останува во мочниот меур е можно средство за развој на бактерии).

Предизвикувачи

уреди

Исто како и инфекцијата на мочниот меур, и бубрежните инфекции најчесто се предизвикани од бактерии кои, инаку, нормално се наоѓаат во цревата. Воспалението, по правило, почнува во мочниот меур - влегувајќи низ мочоводот - и потоа се шири во бубрезите.

Натаму, употребата на катетер - цевче што се внесува во мочниот меур поради негово празнење - може да предизвика воспаление на бубрезите. Катетерите можат да се внесат во текот на периодот на заздравување по некоја хируршка постапка и понекогаш се употребуваат кај постарите луѓе во пензионерските домови или кај луѓетo со одредени видови невролошки состојби што се поврзани со контрола на мочниот меур.

Симптоми

уреди
  • постојана болка што обично почнува во горниот дел од грбот, над половината и се шири надолу до ципите
  • температура што брзо расте - често до 40°C
  • зачестена потреба за мочање, дури и кога мочниот меур е празен
  • матна или крвава моч
  • голема мачнина или повраќање

Обратете се на лекар

уреди

Дијагностички постапки

уреди

Ќе биде потребно да се преземат целосни медицински испитувања за да се утврди дали имате бубрежна инфекција и за да се одреди која воспалителна материја ги предизвикува. Овие испитувања ќе вклучат анализа на крвта и урината. Ако пречесто сте имале воспаленија, или вашиот лекар се сомнева дека причината е во вродените абнормалности на градбата, ќе бидат потребни повеќе испитувања. Вашиот лекар можеби ќе побара интравенска пиелофрафија или рендгенско снимање на бубрезите, цистоскопија - постапка со која осветлено цевче се вовлекува низ мочоводот за да се прегледа мочниот меур; или ултразвучно снимање, кое дава детална слика на бубрезите.

Лекување

уреди

Воспаленијата на бубрезите бараат итно медицинско лекување; секое одложување на лекувањето на организмот од воспаленија може да доведе до сериозни компликации. Приврзаниците на алтернативната медицина истакнуваат дека лекувањето може да биде полезно само како дополнување на конвенционалното медицинско лекување.

Конвенционална терапија

уреди

Често антибиотиците и мирувањето в кревет е сè што е потребно за акутното воспаление на бубрезите да се доведе под контрола за 48 часа. Лекарот, исто така, ќе ве упати да пиете големи количества вода - барем 3,5 литри на ден - што помага во исплакнувањето на бактериите од мочниот канал. Малите деца, постарите луѓе или луѓето кои се многу слаби поради некоја болест, понекогаш се сместуваат в болница за да им се обезбеди доволно течност и антибиотици.

Хроничните воспаленија на бубрезите се лекуваат со антибиотици и големи количества течности. Бидејќи хроничното воспаление понекогаш е предизвикано со тоа што мочта се враќа од мочниот меур во мочните канали, ќе биде потребна операција за да се реши ова нарушување на генетската градба или генетската градба т.е на везикулоуретрален рефлукс.

Воспаленијата на бубрезите понекогаш се обновуваат без покажување на какви било надворешни симптоми, така што лекарот може да побара да одите на контрола и да правите анализи на крвта.

Алтернативни начини на лекување

уреди

Бидејќи воспаленијата на бубрезите се многу сериозни, повеќето практичари на алтернативната медицина ќе бидат долготрајни да побараат конвенционално медицинско лекување. Ако решите да се подложите на алтернативно лекување како дополнение на конвенционалното лекување, овозможете им меѓусебна врска на оние кои ви помагаат. Кога воспалението на бубрезите ќе биде веќе излекувано, алтернативните начини на лекување можат да помогнат во спречувањето на повторното појавување.

Хомеопатија

уреди

Хомеопатите се служат со начин на лекување наречен лекови за дренажа или лекови на европски комбинации за да му помогнат на телото да се излекува од бубрежните инфекции. Погрижете се да најдете стручно лице кое е запознаено со тие лекови. Состојките на една од комбинациите што понекогаш се препишуваат се Apis, Phosphorus и Teribinthina.

Исхрана

уреди

Сè додека не го излекувате воспалението, одбегнувајте храна која може да го надразнува мочниот канал и да ги притиска бубрезите. Алкохолот, кафето, солта, црниот чај, чоколадото, газираните пијалаци, агрумите, доматите, зачинетата храна, оцетот, вештачките засладувачи и шеќерот можат да го надразанат мочниот канал.

Превенција

уреди

Бидејќи повеќето бубрежни инфекции почнуваат во мочниот меур, превенцијата почнува со отстранувањето на бактериите од целиот мочен пат.

  • Внимавајте на хигиената по големата нужда. Жените би требало да се бришат однапред наназад за да го избегнат ширењето на фекалните бактерии кон отворот на мочоводот.
  • Мочајте што е можно поскоро кога ќе почувствувате потреба за мочање и целосно испразнете го мочниот меур.
  • Носете памучна долна облека и удобна облека што не ја задржува топлината и влагата во ципите.
  • Пијте многу течности.
  • Пијте најмногу 3,5 децилитри сок од црвена боровинка на ден. Проучувањата упатуваат на тоа дека црвената боровинка има особина да штити од воспаление на мочните патишта.

Жени:

  • Испразнете го мочниот меур по половиот однос за да ги измиете бактериите кои би можеле да навлезат.
  • Ако употребувате дијафрагма, погрижете се добро да вие е залепена и немојте да ја оставите предолго во вагината.
  • Одбегнувајте употреба на миризливи сапуни, пена за капење и дезодоранси за интимна нега бидејќи сите содржат хемикалии кои можат да ги надразнат мочните патишта и да ги прават поподложни на воспалениј.