Брзо лизгање на Зимските олимписки игри 2010 - 10000 m за мажи

Брзо лизгање на
Зимските олимписки игри 2010
500 m   мажи   жени
1000 m   мажи   жени
1500 m   мажи   жени
3000 m       жени
5000 m   мажи   жени
10000 m   мажи    
Штафетна трка   мажи   жени
Квалификации


Натпреварите во трката на 10000 m во брзо лизгање во машка конкуренција на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 23 февруари, со почеток во 11:00 по месно време (UTC-8). Во натпреварите учествуваа 15 лизгачи од 9 земји.

Најголем фаворит за освојување на златниот медал пред почетокот на трката беше Свен Крамер. Во трката, на неколку круга до крајот, тој имаше предност од дури 6 s во однос на Ли Сонг Хун од Јужна Кореја, но наместо да ја замени патеката и продолжи во надворешната, тој повторно влезе во внатрешната патека, со што беше дисквалификуван. Со тоа, олимписки првак стана Ли Сонг Хун, кој постави нов Олимписки рекорд, со време од 12:58,55. По трката, тренерот на Крамер, Герард Кемкерс, ја презеде одговорноста за грешката на својот ученик, додавајќи дека „тоа е најлошиот ден во неговиот живот“.[1]

Рекорди

уреди
Светски рекорд   Свен Крамер 12:41,69 Солт Лејк Сити, САД 10 март 2007
Олимписки рекорд   Јохем Јутдехаге 12:58,92 Солт Лејк Сити, САД 20 февруари 2002

Освојувачи на медали

уреди
Злато Сребро Бронза
  Ли Сонг Хун   Иван Скобрев   Боб де Јонг

Наводи

уреди
  1. Для наставника Крамера сегодняшний день - худший в жизни Архивирано на 27 февруари 2010 г., Спорт-Экспресс, 24 февруари 2010

Надворешни врски

уреди