Брдо кај Крањ (замок)

замок во Словенија

Брдо кај Крањ — замок наоѓа во Предосље, Градска општина Крањ, Словенија[1][2][3] . Оваа палата е една од главните места каде се одржуваат дипломатски состаноци на Владата на Република Словенија.

Брдо кај Крањ
Brdo pri Kranju
Egg
Карта
Општи податоци
ГрадПредосље, Градска општина Крањ
ЗемјаСловенија

Зградата била изградена во 1510 година од страна на крањскиот гроф Георг, кој во тоа време бил генерален администратор на Хабсбуршкиот приватен имот во Војводство Крањ. Првично била изградена во ренесансен стил, но повеќепати бил реновиран. Во 18 век, објектот бил купен од страна на Микеланџело Зоис, татко на просветителскиот крањски уметник и природен научник Жига Зоис. Во 19 век, нејзината внатрешност била целосно реновирана.

Во првите децении на XX век била купена од страна на кнезот Павле Караѓорѓевиќ во 1935 година. Во негово време, палатата се трансформирала во летна резиденција на тогашните власти. Помеѓу 1935 и 1941 година, неколку истакнати поединци престојувале како гости во Брдо, вклучувајќи го британскиот крал Едвард VIII.

Кога Југославија станала комунистичка држава во 1945 година, зградата била конфискувана од династија Караѓорѓевиќ и станала летна резиденција на југословенскиот водач Јосип Броз Тито. По смртта на Тито во 1980 година, имотот бил префрлен во Социјалистичка Република Словенија и подоцна истиот бил наследен од страна на Владата на независната Република Словенија. Во својата традиционална улога на домаќин на национални и меѓународни конференции, во 1990 година, овде било местото на одржување на конференцијата меѓу водачите на шест југословенски републики во еден неуспешен обид да го спречи распаѓањето на федерација.

На 16 јуни 2001 година палатата била домаќин на самитот меѓу САД и Русија, одсносно нејзините претседатели Џорџ Буш и Владимир Путин. Во првата половина на 2008 година, кога Словенија била претседавач со ЕУ, во оваа палата исто така се одржал самит.

Наводи

уреди
  1. Public Papers of the Presidents of the United States. Washington, DC: United States Government Printing Office. 2012. стр. 926.
  2. Plut-Pregelj, Leopoldina; Kranjc, Gregor; Lazarević, Žarko; Rogel, Carole (2018). Historical Dictionary of Slovenia (3. изд.). Lanham, MD: Rowman & Littlefield. стр. 297.
  3. Fallon, Steve (1998). Slovenia. Hawthorn, Australia: Lonely Planet Publications. стр. 129.