Усноцветни
Усноцветни (науч. Lamiaceae или Labiatae) — семејство на растенија која се состои од околу 210 родови и околу 3500 видови. Порано се сметало дека е во блиско сродство со врбинките (Verbenaceae), но неколку скорешни филогенетски истражувања покажале дека многубројните родови класифицирани во Verbenaceae припаѓаат во Lamiaceae, така што најкарактеристичните родови од Verbenaceae не се во блиско сордство со оние од Lamiaceae, а се најблиски сродници со другите членови на редот на усноцветовидните (Lamiales).
Усноцветни | |
---|---|
Пурпурна мртва коприва (Lamium purpureum) | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Усноцветни Martinov[1][2] |
Типски род | |
Мрва коприва (Lamium) L. | |
Родови | |
Морфолошки одлики
уредиРастенијата од ова семејство најчесто се ароматични и се претставени со нашироко користени зачински билки (како босилекот, нането, рузмаринот, жалфијата, чубрицата, мајораната, ориганото, мајчината душичка, лавандата и перилата). Некои се грмушести видови, но ретки се дрвјата и лијаните. Многу членови на семејството се нашироко култивирани, што се должи не само на нивните ароматични квалитети, туку и на лесното одгледување: овие растенија се меѓу оние кои најлесно се размножуваат со резници од стеблото. Одредени видови се одгледуваат како декоративни растенија, како колеусот на пример. Други се одгледуваат за исхрана, и тоа најмногу поради семињата (како Salvia hispanica).
Првичното име на семејството е Labiatae, кое е дадено како резултат на тоа што цветовите кај овие растенија најчесто имаат венечни ливчиња споени во горна и долна усна (labia на латински значи усна). Меѓутоа, во почеста употреба е името Lamiaceae.
Листовите се наспрамни, при што секој пар на листови од едно членче дава извиткан изглед. Стеблата се најчесто квадратни на напречен пресек, но ова својство не се среќава кај сите членови на семејството, а понекогаш се среќава кај претставници од други семејства.
Цветовите се билатерално симетрични, со 5 споени чашкини и венечни ливчиња. Тие се најчесто хермафродитни.
Родови
уредиНаводи
уреди- ↑ Stevens, P. F. (July 2012). „Lamiales (Lamiaceae Family)“. Angiosperm Phylogeny Website. Архивирано од изворникот 21 March 2015. Посетено на 25 March 2015.
- ↑ Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x.
- Watson и Dallwitz Архивирано на 3 јануари 2007 г.
Надворешни врски
уреди„Усноцветни“ на Ризницата ? |
- „Усноцветни“ — Енциклопедија на живиот свет
- Lamiaceae Архивирано на 3 јануари 2007 г. во L. Watson и M.J. Dallwitz (1992 наваму). Семејства на цветници: описи, илустрации, информации Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- Подробен опис на семејствата на цветни растенија Архивирано на 3 јануари 2007 г.
- Слики од усноцветни
- Семејство усноцветни Архивирано на 27 јули 2008 г. Цвеќиња во Израел