Битка кај Аустерлиц
Битката кај Аустерлиц (20 ноември (2 декември), 1805 )) е решавачката битка на Наполеоновата војска против армиите од Третата коалиција, и една од најважните битки во Наполеоновите војни. Оваа битка се смета за најголема победа на Наполеон, и е позната и како Битка на три цара затоа што Француската армија ги поразила војските предводени од рускиот цар Александар I и царот на Светото Римско Царство Франц II. Битката се одиграла во близина на градот Аустерлиц во Австриската империја (денешен Славков кај Брно во Чешка). По битката кај Аустерлиц и со Пожунскиот мировен договор, потпишан од Австријците, завршила војната на третата коалиција.[1] Битката се смета за тактичко ремек дело, на исто ниво како и битките кај Кана или Гавгамела.[2][3]
Причини
уредиВо Европа имало превирања уште од почетокот на Француските револуционерни војни во 1792 година.[4] Во 1797 година, по петгодишна војна, Француската Република ја поразила Првата коалиција, сојуз на Австрија, Прусија, Велика Британија, Шпанија и разни италијанските држави.[5] Во 1798 година била создадена Втората коалиција на чело со Велика Британија, Австрија и Русија, а во сојузот биле вклучени и Отоманската империја, Португалија и Неапол.[6] Во 1801 година Наполеон ја поразил и оваа коалиција, а Британија станала единствен противник на новиот Француски конзулат. [5] Во март 1802 година, по потпишување на Договорот од Амјен, Франција и Британија се согласиле да стават крај на непријателството.[5]
Но, проблемите меѓу двете страни продолжиле и било отежнато спроведувањето на договорот. [7] Британската влада не сакала да ги врати колонијата Кејп и повеќето острови во Холандска Западна Индија на Република Батавија.[5] [7] Наполеон бил лут затоа што британските трупи не ја напуштиле Малта.[8] Тезичната ситуација се влошила кога Наполеон пратил воена сила да ја угуши револуцијата на Хаити.[8][7] Во мај 1803 година, Британија ѝ објавила војна на Франција.[7]
Трета коалиција
уредиВо декември 1804 г., договорот меѓу Англија и Шведска придонел за создавање на Третата коалиција.[9] Британија во 1804 и 1805 година била дипломатски активна со цел да се формира нова коалиција против Франција, а во април 1805 година, Британија и Русија потпишале сојуз.[8] По двата последни пораза, Австрија со цел да се одмазди се приклучила на коалицијата неколку месеци подоцна.[8]
Претходни настани
уредиВо август 1805 година, францускиот цар Наполеон,[10] ги насочил своите војски од Ла Манш кон Рајна за да се справи со новите австриски и руски закани.[8] На 25 септември, во голема тајност, [11] 200.000 француски војници почнале да ја преминуваат Рајна [12] на фронт долг 260 км. [13] [14] Најголемиот дел од австриската војска бил стациониран во тврдината Улм во Швабија.[15]
По битката кај Улм, на 20 октомври 23.000 австриски војници се предале на Наполеон, а бројот на австриски затвореници се искачил на 60.000.[14] Оваа спектакуларна победа на Наполеон била засенета со поразот на француско-шпанската флота во битката кај Трафалгар. [16] Сепак, Французите продолжиле да напредуваат на копно; а на 13 ноември Австријците без отпор ја предале Виена на Французите.
Руските и австриските трупи се повлекле во Олмуц.[17] Австро-руските сили стационирани во Олмуц, иако не биле многу, сепак биле побројни од француската армија. Кон силите на коалицијата можеле да се придружат и дополнителни војски, а исто така се очекувало Прусија да се приклучи на коалицијата. Затоа, на сојузничките сили им било поисплатливо да чекаат за да имаат голема надмоќ врз француските сили.
Меѓутоа, сојузничката команда решила да не чека, туку да дејствува. Тие сакале да ја отсечат француската војска, која била во близина на Брун. На 27 ноември, сојузничката војска се упатила од Олмуц кон Брун. На 28 ноември, биле нападнати 8 француски ескадрили кај Вишау и ги избркале од таму. По оваа победа довербата на сојузниците било дополнително зајакната.
На 25 ноември, Наполеон го пратил генералот Савари кај царот Александар, за да ја пренесе неговата порака дека сака да избегне битка, а всушност требало да ја испита ситуацијата и да ја утврди местоположбата на сојузничките сили.
На 29 ноември сојузниците наместо да продолжат да се движат во иста насока кон Брун, скршнале на југоисток. На 1 декември тие ја зазеле својата почетна позиција пред битката во околината на Аустерлиц.
Откако Наполеон дознал дека сојузниците преминале во офанзива, почнал активно да се подготвува за претстојната битка. За да добие на време за пристигнување на дополнителни трупи, Наполеон повторно го испратил Савари, кој барал лично да се сретне со рускиот цар и понудил 24 часовно примирје.[8] Барањата биле одбиени, но поради бавното движење на сојузничките сили, Наполеон добил доволно време. Наполеон од височинка можел лично да го набљудува приближувањето на непријателската војска до бојното поле (28, 29, 30 ноември).
Текот на битката
уредиНаполеон располагал со околу 72.000 војници и 157 топови за претстојната битка, а војската на Давут била далеку на југ во правец на Виена.[14] [18] Сојузниците имале околу 85.000 војници, седумдесет проценти од нив Руси и 318 топови.[14]
Бојно поле
уредиБитката се одиграла на десет километри југоисточно од градот Брно, помеѓу тој град и Аустерлиц во денешна Чешка. На северниот дел од бојното поле се истакнувал ридот Сантон со 210 метри и ридот Журан висок 270 метри, и од двата рида можел да се надгледува важниот пат Оломоуц - Брно, кој се протегал во правец исток - запад.
Планови и намери
уредиНа 28 ноември Наполеон се сретнал со своите маршали во Царскиот штаб, кои го информирале за нивните лоши претчувства за претстојната битка. Тој го отфрлил нивниот предлог за повлекување. [19]
Наполеон бил свесен дека командата на сојузничката војска не е во рацете на Кутузов, туку кај царот Александар, кој честопати ги прифаќал плановите на австриските генерали. Сојузничката војска која ја започнала офанзивата паднала во замката поставена од Наполеон.[20] Наполеон претпоставувал дека австриската команда ќе се обиде да го отсече од комуникациската врска со Виена.[17] За да го направат тоа, сојузниците требало да го опколат неговото десно крило, но затоа централното и левото крило на сојузниците ќе бидат многу ранливи. За да ги охрабри да го нападнат неговото десно крило, Наполеон ја напуштил стратешката позиција на височините Пратцен, лажирајќи ја слабоста на своите сили и сопствената претпазливост.[19] Во меѓувреме, поголемиот дел од силите на Наполеон требало да бидат камуфлирани на височинката.[8] Според неговиот план, француските трупи требало да ги нападнат и повторно ќе ја заземат височинката Пратцен, а потоа од височина да го започнат одлучувачкиот напад кон центарот на сојузничката војска, да ги неутрализираат и да ги опколат одзади.[17][21]
Во меѓувреме, за да го поддржи своето слабо десно крило, Наполеон му наредил на III корпус на Давут да дојде од Виена и да им се придружи на луѓето на генералот Легранд, кои го држеле крајното јужно крило кое ќе го поднесе нападот на сојузниците. Војниците на Давут имале 48 часа за да поминат 110 км. Нивното доаѓање би било клучно за исходот на францускиот план
Советот на сојузниците се состанал на 1 декември за да се разгледаат предлозите за битката. Сојузничките стратези имале две клучни идеи: да се соочат со непријателот и да го осигураат јужното крило кое водело кон Виена. Иако рускиот цар со својата непосредна придружба притискале за отпочнување на битка, австрискиот император Франц бил повнимателен и бил поддржан од Кутузов, главниот руски командант.[22] Притисокот за борба од руските благородници и австриските команданти, сепак, преовладал и сојузниците го усвоиле планот на австрискиот началник на Генералштабот Вејротер.[22] Според него требало да се нападне француското десно крило, за кое сојузниците забележале дека е недоволно заштитено, и да се направат диверзантски напади против француското лево крило. Сојузниците најголем дел од своите сили распоредиле во четири чети кои ќе ја нападнат француската десница. Руската царска гарда била резерва за руските трупи кои под команда на Багратион ја штителе сојузничката десница.
Почеток на битката
уредиБитката започнала околу 8 часот кога првите сојузнички линии го нападнале селото Телниц, брането од Третиот линиски полк. Овде се воделе тешки борби и во текот на денот. Во тоа време пристигнале првите луѓе од корпусот на Давут и ги исфрлиле сојузниците од Телниц пред и тие да бидат нападнати од хусари и повторно да го напуштат градот.[23] Селото било заземано наизменично повеќе пати од војските во текот на денот.[19]
Сојузничките чети почнале да ја напаѓаат француската десница, но не биле доволно брзи, па Французите биле претежно успешни во одбивање на нападите. Всушност, сојузничките единици биле лошо распоредени, а акциите лошо темпирани: коњичките одреди под команда на Лихтенштајн од сојузничкото лево крило биле преместени на десното крило и во преместувањето налетале и успориле дел од втората пешадиска чета која напредувала кон француската десница.[24]
Во меѓувреме, најистурените единици од втората чета го нападнале селото Соколниц, брането од 26-от лесен полк на Французите. Почетните сојузнички напади биле неуспешни и генералот Лангерон наредил бомбардирање на селото. Канонадата ги принудила Французите да го напуштат селото, а речиси истовремено, третата чета го нападнала замокот Соколниц. Французите во контранапад го вратиле селото, за подоцна повторно да бидат исфрлени од него. Борбите во оваа област привремено завршиле кога дивизијата на Фриант (дел од III корпус) повторно го зазел селото. Соколниц бил од стратешка важност на бојното поле, а контролата врз селото се менувала неколку пати во текот на денот. [19]
Додека сојузничките трупи го напаѓале француското десно крило, IV корпус на Кутузов останал на височините Пратцен. Како и Наполеон, Кутузов ја увидел важноста на Пратцен и одлучил да ја задржи стратешката позиција. Наполеон успеал да го избрка IV корпус од Пратцен. Ова значело дефинитивен крај за сојузничката војска.[17]
„Еден брз удар и војната ќе заврши“
уредиОколу 8:45 часот, задоволен од слабоста на непријателскиот центар, Наполеон го прашал Соулт колку време ќе им треба за да стигнат до Пратцен. На тоа маршалот одговорил: „Помалку од дваесет минути, господине“. Околу 15 минути подоцна, Наполеон наредил напад, додавајќи: „Еден брз удар и војната ќе заврши“.[14]
Густата магла ѝ овозможила на француската дивизија неприметно да напредуваат.[19] Руските војници и команданти на врвот од височинката биле запрепастени кога виделе колку многу француски војници им се приближуваат.[8] Сојузничките команданти преместиле некои одреди за да им помогнат во жестоката борба. По едночасовни борби голем дел од оваа единица бил уништен. Преостанатите војници, претежно неискусни Австријци, биле принудени да се повлечат по падините. На север, дивизијата под команда на генералот Вандам ја нападнала областа наречена Старе Винохради („Стари лозја“) и разбила неколку сојузнички баталјони.[19]
Французите стекнале огромна предност, но битката не била завршена. Наполеон му наредил на првиот корпус под команда на Бернадот да ја поддржи левата страна на Вандам и својот команден центар го преместил од ридот Журан во капелата Свети Антониј на височинката Пратцен. Сојузниците, кога увиделе дека се наоѓаат во тешка положба, одлучиле да ја испратат руската царска гарда со која командувал Големиот војвода Константин, брат на царот Александар. Тие во контранапад се судриле со силите на Вандам, и го поразиле. Насетувајќи проблеми, Наполеон ѝ наредил на својата тешка коњаница да тргне во напад. Коњаницата на Наполеон ги збришале Русите, но од обете страни се придодавале уште коњаници, и не се знаело кој ќе победи.
Русите биле побројни, но набрзо на французите им се придружила дивизијата на Друе. Коњичката артилерија на француската гарда ѝ нанела тешки загуби на руската коњаница. Русите биле разбиени, а многумина од нив загинале додека биле гонети од француската коњаница.[19] Во битката на Пратцен тешко бил ранет Кутузов, а неговиот зет Фердинанд фон Тиезенхаузен бил убиен.[17]
Исход
уредиВо меѓувреме, на најсеверниот дел од бојното поле се воделе тешки борби. Тешката коњаница на Принцот од Лихтенштајн почнала да ја напаѓа лесната коњица на Келерман откако успеала правилно да се позиционира на теренот. Силите на Келерман се засолниле зад пешадиската дивизија на генералот Кафарели откако им станало јасно дека Русите се бројчано надмоќни. Војската на Кафарели ги запрела руските напади. Следела долга и лута борба, но Французите победиле на крајот. V корпус на Французите по тешките борби успеал да ги натера трупите на Багратион да се повлечат од теренот.[19]
Наполеон својот фокус го насочил кон јужниот дел од бојното поле каде што Французите сè уште се бореле со сојузниците за контрола на Соколниц и Телниц. Непријателот бил разбиен кај Соколниц и сојузниците побегнале од селото.[19]
Кај сојузничката војска завладеала општа паника и почнале да бегаат во сите правци. За време на повлекувањето руските сили кои биле поразени од француската десница се повлекувале на југ кон Виена преку замрзнатото блато Сатшан. Француската артилерија започнала да ги бомбардира трупите и притоа се скршил мразот. Многу војници се удавиле во студеното блато, а потонале и десетици руски артилериски орудија.[25] Многу давеници биле спасени од нивните непријатели.[8] Меѓутоа, доказите на лице место, кои подоцна биле објавени во јавноста, наведуваат дека пресметката на Наполеон за катастрофата била најверојатно преувеличена; по негова инструкција, езерата биле исушени неколку дена по битката и биле пронајдени трупови на два-три војници и околу 150 коњи. Сепак, царот Александар I го потврдил инцидентот по војните.[26]
Последици и значење
уредиСојузниците загубиле 36.000 војници од вкупно 89.000, или околу 38% од нивните ефективни сили. Французите изгубиле околу 9.000 од вкупно 66.000 војници, или околу 13% од нивните сили. Големата победа била дочекана со восхит во Париз, каде што пред само неколку дена нацијата била на работ на финансиски колапс. Наполеон ѝ напишал на Жозефина : „Ја победив австроруската војска со која командуваа двата цара. Малку сум уморен. . . . Те прегрнувам.“ [8] По ова писмо на Наполеон битката станала позната како „Битката на трите цара“. Меѓутоа, на бојното поле не присуствувал австрискиот цар Франц. Царот Александар ги сумирал суровите времиња за сојузниците во изјавата: „Ние сме бебиња во рацете на џин“. [19] Откако ја слушнал веста за Аустерлиц, британскиот премиер Вилијам Пит се за картата на Европа рекол „Свиткајте ја таа карта; не ни треба следниве десет години“.[27]
Франција и Австрија потпишале примирје на 4 декември, а со Пожунскиот договорот, потпишан 22 дена покасно, Австрија излегла од војната. Австрија ги признала француските територии освоени со договорите од Кампо Формио (1797) и Луневил (1801), требало да им отстапи земја на Баварија, Виртемберг и Баден, кои биле сојузници на Наполеон, да плати 40 милиони франци воена оштета и да му ја отстапи Венеција на Кралството Италија. На руската армија ѝ било дозволено да се повлече на сопствена територија, а Французите навлегле во Јужна Германија. Светото Римско Царство престанало да постои во 1806 година. Наполеон ја создал Рајнската Конфедерација, германски државички кои требало да послужат како тампон зона помеѓу Франција и Прусија.
Историски погледи
уредиНаполеон не успеал да ја победи сојузничката војска во мера колку што посакувал, [14] но историчарите се согласни дека однел значајна победа, која може да се споредува со други големи тактички битки како Кана.[28] Некои историчари наведуваат дека Наполеон бил толку успешен во Аустерлиц што изгубил контакт со реалноста, а француската надворешна политика по битката станала „лична наполеонова“.[29] Во француската историја, Аустерлиц се смета за импресивна воена победа.[30] Од друга страна, некои жители на прекуокеанските територии на Франција се против „официјалното одбележување на победата на Наполеон“, и тврдат дека Аустерлиц не треба да се слави бидејќи веруваат дека Наполеон извршил геноцид врз луѓето од француските колонии.[31]
По битката, царот Александар I сета вина за поразот ја префрлил врз Кутузов, врховниот командант на сојузничката армија.[32] Но, јасно е дека планот на Кутузов бил сојузничката војска да се повлече малку поназад за да имаат поголема предност во логистиката. Ако се повлечеле таму можеби ќе добиеле помош од батаљоните во Италија, а Прусите можеби ќе се приклучеле на коалицијата против Наполеон. Ако го послушале Кутузов, се смета дека исходот во битката ќе бил поинаков.[33]
Поврзано
уредиНаводи
уредиКористена литература
уреди- Addington, L. F. (1984). The Patterns of War Since the Eighteenth Century. Bloomington, Indiana: Indiana University Press. ISBN 978-0-25330-132-1.
- Bassett, R. (2015). For God and Kaiser: The Imperial Austrian Army, 1619–1918. New Haven, Connecticut: Yale University Press. ISBN 978-0-30021-310-2.
- Brooks, Richard, уред. (2000). Atlas of World Military History. London: HarperCollins. ISBN 0-7607-2025-8.
- Castle, Ian. Austerlitz 1805: The Fate of Empires. Oxford: Osprey Publishing, 2002. ISBN 1-84176-136-2
- Castle, Ian. Austerlitz: Napoleon and the Eagles of Europe. Pen & Sword Books, 2005. ISBN 1-84415-171-9.
- Chandler, D. G. (1966). The Campaigns of Napoleon. New York: Simon & Schuster. OCLC 185576578.
- Cook, C.; Paxton, J. (1981). European Political Facts 1789–1848. London: Palgrave Macmillan. ISBN 978-1-34903-308-9.
- de Méneval, Claude-François (1910). de Méneval, Napoléon Joseph Erenst; Collier, Peter Fenelon (уред.). Memoirs of Napoleon Bonaparte: The Court of the First Empire (PDF) (англиски). II. New York: P.F. Collier & Son Publishers. ISBN 9781355218760. OCLC 566100622. Посетено на 15 June 2021 – преку Internet Archive.
- Dupuy, Trevor N. 1990). Understanding Defeat: How to Recover from Loss in Battle to Gain Victory in War. Paragon House. ISBN 1-5577-8099-4.
- Farwell, Byron (2001). The Encyclopedia of Nineteenth-century Land Warfare: An Illustrated World View. New York: W. W. Norton and Company. ISBN 0-393-04770-9.
- Fisher, T.; Fremont-Barnes, G. (2004). The Napoleonic Wars: The Rise and Fall of an Empire. Oxford: Osprey. ISBN 978-1-84176-831-1.
- Gallaher, J. G. (2008). Napoleon's Enfant Terrible: General Dominique Vandamme. Campaigns and Commanders 15. Norman, Oklahoma: University of Oklahoma Press. ISBN 978-0-80613-875-6.
- Gerges, M. T. (2016). „Chapter 6: Ulm and Austerlitz“. Во Leggiere, M. V. (уред.). Napoleon and the Operational Art of War: Essays in Honor of Donald D. Horward. History of Warfare no. 110. Leiden: Brill. стр. 221–248. ISBN 978-90-04310-03-2.
- Goetz, Robert. 1805: Austerlitz: Napoleon and the Destruction of the Third Coalition (Greenhill Books, 2005). ISBN 1-85367-644-6.
- Grainger, J. D. (2004). The Amiens Truce: Britain and Bonaparte, 1801–1803. Woodbridge: Boydell Press. ISBN 978-1-84383-041-2.
- Grehan, J.; Mace, M. (2013). British Battles of the Napoleonic Wars 1793–1806: Despatched from the Front. Barnsley: Pen and Sword. ISBN 978-1-78159-332-5.
- Hall, Walter Phelps; Davis, William Sterns (1957). The Course of Europe Since Waterloo (4. изд.). New York: Appleton-Century-Crofts.
- Jorgensen, C. (2004). The Anglo-Swedish Alliance Against Napoleonic France. London: Palgrave Macmillan. ISBN 978-0-23028-774-7.
- Kagan, F. (2006). The End of the Old Order: Napoleon and Europe, 1801–1805. London: Hachette Books. ISBN 978-0-30681-645-1.
- Kobtzeff, O. (2016). „Napoleonic Wars: Art of War, Diplomacy and Imperialism“. Во GardnerH.KobtzeffO. (уред.). The Ashgate Research Companion to War: Origins and Prevention. London: Routledge. ISBN 978-1-31704-110-8.
- Kuehn, J. T. (2015). Napoleonic Warfare: The Operational Art of the Great Campaigns. Santa Barbara, California: ABC-CLIO. ISBN 978-1-44083-308-3.
- Lane-Poole, S. (1894). Coins and Medals: Their Place in History and Art (2. изд.). London: E. Stock. OCLC 1114793772.
- Lyons, M. (1994). Napoleon Bonaparte and the Legacy of the French Revolution. New York: St. Martin's Press. ISBN 978-0-31212-123-5.
- Marbot, Jean-Baptiste Antoine Marcelin. "The Battle of Austerlitz," Napoleon: Symbol for an Age, A Brief History with Documents, ed. Rafe Blaufarb (New York: Bedford/St. Martin's, 2008), 122–123.
- McLynn, Frank (1997). Napoleon: A Biography. New York: Arcade Publishing Inc. ISBN 1-55970-631-7.
- Mikaberidze, A. (2005). Russian Officer Corps of the Revolutionary and Napoleonic Wars. New York: Savas Beatie. ISBN 978-1-61121-002-6.
- Pearson, R. (1994). The Longman Companion to European Nationalism 1789–1920. London: Routledge. ISBN 978-1-31789-777-4.
- Roberts, Andrew (2014). Napoleon, A Life. New York: Penguin Group. ISBN 978-0-670-02532-9.
- Schneid, F. C. (2005). Napoleon's Conquest of Europe: The War of the Third Coalition. Westport, Connecticut: Greenwood. ISBN 978-0-27598-096-2.<
- Schroeder, P. W. (1996). The Transformation of European Politics, 1763–1848 (1 pbk. изд.). Oxford: Clarendon Press. ISBN 978-0-19820-654-5.
- Tibbetts, J. (2016). 50 Great Military Leaders of All Time. New Delhi: Vij Books. ISBN 978-9-38550-566-9.
- Tolstoy, Leo. War and Peace. London: Penguin Group, 1982. ISBN 0-14-044417-3
- Uffindell, Andrew (2003). Great Generals of the Napoleonic Wars. Kent: Spellmount Ltd. ISBN 1-86227-177-1.
- Wasson, J. N. (2014). Innovator or Imitator: Napoleon's Operational Concepts and the Legacies of Bourcet and Guibert. Pickle Partners. ISBN 978-1-78289-587-9.
- Wood, W. J. (1997). Civil War Generalship: The Art of Command. Westport, Connecticut: Greenwood Publishing Group. ISBN 978-0-27595-054-5.
Наводи
уреди- ↑ de Méneval 1910.
- ↑ Farwell p. 64. "Austerlitz is generally regarded as one of Napoleon's tactical masterpieces and has been ranked as the equal of Arbela, Cannae, and Leuthen."
- ↑ Dupuy p. 102
- ↑ Hall & Davis 1957.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Schroeder 1996.
- ↑ Pearson 1994.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Grainger 2004.
- ↑ 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 Chandler 1966.
- ↑ Jorgensen 2004.
- ↑ Lyons 1994.
- ↑ Kobtzeff 2016.
- ↑ Cook & Paxton 1981.
- ↑ Brooks.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Uffindell.
- ↑ Schneid 2005.
- ↑ Tibbetts 2016.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Lê Vinh Quốc, Nguyễn Thị Thư, Lê Phụng Hoàng, pp. 154–160
- ↑ David Nicholls, Napoleon: a biographical companion pp. 9–10.
- ↑ 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 Fisher & Fremont-Barnes 2004.
- ↑ Richard Brooks (editor), Atlas of World Military History. p. 109
- ↑ Gregory Fremont-Barnes, Napoleon Bonaparte: leadership, strategy, conflict, p. 19
- ↑ 22,0 22,1 Chandler p. 416.
- ↑ Fisher & Fremont-Barnes pp. 48–49.
- ↑ Fisher & Fremont-Barnes p. 48.
- ↑ Abbott, John S.C. (1888). „Chapter XXXL: Austerlitz“. Во Low, Sampson; Abbot Mead, Susan (уред.). The History of Napoleon Bonaparte (англиски). L (3. изд.). London, United Kingdom of Great Britain: Harper & Brothers Publishers. стр. 475–486 – преку Internet Archive.
- ↑ Rose, J. Holland (1 July 1902). Poole, Reginald L. (уред.). „The Ice Incident at the Battle of Austerlitz“ (PDF). The English Historical Review (англиски). Oxford University Press (OUP)/Longmans, Green & Company, Limited/Johnson Reprint Corporation Limited. XVII (67): 537–538. doi:10.1093/ehr/XVII.LXVII.537. ISSN 0013-8266. JSTOR 00138266. LCCN 05040370. OCLC 474766029.
- ↑ Stanhope's Life of the Rt Hon. William Pitt (1862), vol. iv, p. 369
- ↑ Adrian Gilbert (2000). The Encyclopedia of Warfare: From Earliest Time to the Present Day. Taylor & Francis. стр. 133. ISBN 978-1-57958-216-6. Посетено на 11 July 2014.
- ↑ McLynn.
- ↑ France's history wars, Accessed 20 March 2006
- ↑ BBC – Furore over Austerlitz ceremony, Accessed 20 March 2006
- ↑ David Nicholls, Napoleon: a biographical companion, p. 138
- ↑ Ian Castle, Christa Hook, Austerlitz 1805: the fate of empires, pp. 89–90.
Надворешни врски
уреди- (Француски) Аустерлиц тек на битката Архивирано на 25 март 2016 г.
- Аустерлиц
- (Германски) Битката кај Аустерлиц 2005
- (Француски) Аустерлиц 2005: Битка на три цара
- (Француски) Онлајн игра: Аустерлиц Архивирано на 26 декември 2021 г. (од Pousse-pion, 2010)
- Аустерлиц: Битка на три цара (Друштво за минијатури за Наполеоновите војни од Торонто)
- Austerlitz AKA Битката кај Аустерлиц (1960)
- (Чешки) Поглед на бојното поле - виртуелен приказ
- Bellum.cz – „Битката кај Аустерлиц на 2 декември 1805 година“