Виртемберг
историска област во Германија
(Пренасочено од Историја на Виртемберг)
Виртемберг (германски: Württemberg) — историско-географска област во Германија која приближно се совпаѓа со културно-јазичното подрачје на Швабија. Заедно со традиционалните области Баден и Хоенцолерн денес ја сочинуваат сојузната покраина Баден-Виртемберг.
Историја
уредиОбласта првобитно била во состав на Војводството Швабија. Подоцнежните историски периоди можат да се поделат вака:
- Грофовија Виртемберг (1083–1495)
- Војводство Виртемберг (1495–1803)
- Изборно Кнежевство Виртемберг (1803–1806)
- Кралство Виртемберг (1806–1918)[1]
- Слободна Народна Држава Виртемберг (1918–1945)
По Втората светска војна, областа е поделена на Виртемберг-Баден и Виртемберг-Хоенцолерн поради различните окупациски зони на САД и Франција. Во 1952 г. е ставена во сојузната покраина Баден-Виртемберг. Градот Штутгарт, како историска престолнина на Виртемберг, станал главен град на денешната сојузна покраина.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Das Königreich Württemberg, eine Beschreibung nach Kreisen, Oberämtern und Gemeinden (Stuttgart, 1904)
Надворешни врски
уреди- Виртемберг на Ризницата ?
- „Виртемберг“ на германски, француски и италијански во „Историски речник на Швајцарија“.
- Мал историски речник на Баден и Виртемберг (германски)