Пожунски мир (1805)

мировен договор од 1805 г.

Четвртиот Пожунски мир (исто така познат како Пожунски договор; Братиславски мир и Пресбуршки мир; германски: Preßburger Frieden; француски: Traité de Presbourg) бил потпишан на 26 декември 1805 година во Пресбург (Пожуна, денешна Братислава). Потписници биле францускиот император Наполеон Бонапарт и светиот римски цар Франц II. Договорот се потпишал по француските победи над Австријците кај Улм (25 септември – 20 октомври) и Аустерлиц (2. декември). На 4 декември било договорено примирје и започнале преговорите за договорот.

Своевремено печатено известување за Пожунскиот мир

Покрај клаузулите за воспоставување на „мир и пријателство“ и повлекувањето на Австрија од Третата коалиција, договорот, исто така, наложувал значајни територијални отстапки од Австриското Царство. Француските придобивки од претходните договори од Кампо Формио и Луневил биле во содржината и на Пожунскиот мировен договор, а неодамнешните австриски освојувања во Италија и јужна Германија ѝ биле отстапени на Франција и Баварија, соодветно. Австриските поседи во Швабија биле предадени на француските сојузници: Виртембершкиот крал и електорот од Баден, а Баварија ги добила Тирол и Предарлска. Австрија безусловно се откажала од претензии кон тие германски држави. Венеција, Истра и Далмација биле придодадени кон Кралството Италија, на чие чело како крал застанал Наполеон (истата година претходно). Аугсбург, кој претходно бил независен Слободен царски град, ѝ бил отстапен на Баварија. За компензација, Австриското Царство го анектирала електоратот Салцбург, кој бил под хабсбуршка власт од 1803 година. Електорот, братот на австрискиот цар, како компензација го добил Големото Војводство Вирцбург .

Палатата на Приматот, каде бил потпишан Пожунскиот мир

Императорот Франц II, исто така, ги признал царските титули преземени од електорите на Баварија и Виртемберг, кои го навестувале крајот на Светото Римско Царство. Неколку месеци по потпишувањето на договорот и откако Наполеон создал нов ентитет, Рајнскиот Сојуз, Франц II се откажал од титулата цар на Светото Римско Царство и станал цар на Австриското Царство со титула Франц I од Австрија. Во договорот било предвидено и обесштетување на Франција од 40 милиони франци.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Phillipson, Coleman (2008). Termination of War and Treaties of Peace. стр. 273.

Надворешни врски

уреди