Балканска Федерација (весник)
„Балканска федерација“ (француски: La Fédération balkanique) бил весник на комунистичките партии од балканските земји (Албанија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија и Хрватска). Излегувал од 15 јули 1924 до февруари 1932 година. Прво излегувал во Виена, а потоа од мај 1931 до февруари 1932 година - во Франкфурт.[1] Излегувал двапати месечно. Го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и други емигранти комунисти од балканските земји.
Број 117-118 на "Балканска Федерација". | |
Уредник | Димитар Влахов, Никола Харлаков |
---|---|
Основан | 15 јули 1924 |
Јазик | француски, бугарски, хрватски, српски, албански, грчки, романски, турски, подоцна и германски |
Престанал | февруари 1932 |
Седиште | Франкфурт |
Според уводникот во првиот број, имал задача „да пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерирање“. Авторите се застапувале главно за Балканска федерација. Имал особено значење за популаризирањето на македонското прашање во светот.
Покрај уредниците, автори на текстовите се и др. Филип Атанасов, Петар Чаулев, Павел Шатев и др.
Наводи
уредиЛитература
уреди- Д-р Боро Мокров, „Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година)“, Скопје, 1980, стр. 360-362.
- Д-р Боро Мокров, М-р Томе Груевски, „Преглед на македонскиот печат (1885-1992)“, Скопје, 1993.