Филип Атанасов (Смрдеш, Костурско, Егејскиот дел на Македонија - 1956, СССР) ― лекар, припадник на федералистичкото крило на ВМРО.[1][2]

Устав на Македонската федеративна организација во кој се истакнува нивната девиза за независна и обединета Македонија.

Животопис уреди

По Првата светска војна се вклучил во активностите на македонската емиграција во Софија и се залагал за обединување на македонските револуционерни сили. Во октомври 1920 година, на Вториот собор на Сојузот на македонските братства бил избран за член на Привремената комисија, која се застапувала за обединување на македонските братства во Бугарија. Со формирањето на МФО, станал член на нејзиното раководство и потписник на Тиранскиот протокол во декември 1921 година. Во списанието Балканска федерација“, во броевите 7 и 8 од 1924 година, Филип го изразил мислењето дека обединетото македонско движење поткрепено од македонскиот народ народ, ќе води борба како со непријателите така и со поробувачите на Македонија.[2]

Истата 1924 година, бил принуден да емигрира во Виена, каде што се вклучил во основањето на ВМРО (Обединета). Припаѓал на националнофедералистичката струја на оваа организација. За време на Втората светска војна се вратил во Софија, каде што заедно со Павел Шатев работеле за советската разузнавачка служба. По војната емигрирал во Советскиот Сојуз (денешна Русија).[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 50. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 33. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски уреди