Борјан Јовановски

македонски новинар од 1991 година

Борјан Јовановскимакедонски новинар од 1991 година. Тој е син на познатиот македонски писател Мето Јовановски.

Борјан Јовановски
Роден(а)1969 (воз. 55–56 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонец
НародностМакедонец
ЗанимањеНовинар
Активен период1991 - сè уште
СопружникАмернис Нокшиќи
РодниниМето Јовановски (татко)
Страница
novatv.mk
slobodenpecat.mk

Кариера

уреди

Јовановски е новинар од 1991 година. Кариерата ја започна во Радио Скопје, а ја продолжи како ТВ новинар во А1-телевизија. Кон крајот на 90-тите години, Борјан бил дописник од Брисел за МТВ И А1-телевизија. По враќањето од Брисел, бил автор и водител на емисијата „Еврозум“ која како независна продукција се емитуваше на повеќе телевизиски станици. Со својата продукциска куќа Еуровижн, Јовановски го реализираше серијалот на документарни филмови „Европски приказни“. По затворањето на А1-телевизија, тој бил ангажиран од регионалните телевизии Н1 и Ал Џезаира како водител на емисијата „Балкан у Европи“. Јовановски бил еден од основачите и главен уредник на порталот Нова ТВ.мк заедно со Биљана Секуловска. Куса пауза со новинарството направи во 2003 година кога бил портпарол на претседателот Борис Трајковски. Одреден период работел и во телевизиите Сител Телевизија, ТВ Телма и 1ТВ. Од 2020 до 2023 година работи во ТВ 21 како водител и новинар на емисијата Клик плус а потоцна на 21 анализа. Во 2023 година, заедно со неговиот колега Сашо Ордановски, се автори и водители на емисијата "Политиканти" која се емитува на Слободен печат, а од 2024 година на Инфомакс.мк. Во 2024 година, го започнал серијалот "Еувизија" на МРТ 1.

Сега Борјан делува како независен новинар ангажиран на повеќе проекти. Работи како дописник на Еуроњус од Македонија. Во својата 30 годишка кариера добитник е на наградите Крсте Петков Мисирков и наградата на МИМ за истражувачко новинарство.

Награди

уреди
  • Награда „Крсте Петков Мисирков“
  • Награда „МИМ“ за истражувачко новинарство.