Јанко Илковски
Јанко Илковски (р. Скопје, 14 октомври 1962) — македонски ТВ и радиоводител.
Јанко Илковски | |
---|---|
Роден(а) | 14 октомври 1962 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Занимање | ТВ-водител на „Јади бурек“ |
Страница jadiburek.com makedonskosonce.com republika.mk |
Животопис и кариера
Јанко Илковски е роден на 14 октомври 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет. По враќањето од Белград и по промена на повеќе работни места, меѓу кои е и преведувач во МРТВ и на фестивалот „Браќа Манаки“, Илковски влегува во медиумските води во 2001 година, најпрво како водител на ноќна програма на А1 телевизија, каде подоцна работи во рамките на спортската програма.
Меѓу другите негови настапи како радио или ТВ водител се: новинар на радио Канал 103, водител на емисијата „Пладневен гневник“ на Радио Рос, водител на емисијата „Гутенбергова галаксија“[1] на ТВ 4, како и водител и музички уредник во радијата: Клуб ФМ, Топ ФМ и Радио Слободна Македонија.
Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од дваесет години.[2] Емисијата, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, Сител 3 и ТВ Сонце.
Од 2017 година, емисија "Јади бурек" се емитува на ТВ Сонце секој работен ден во 20:00 часот.
Во 2023 година, Илковски започнува емисија наречена како "Слушај ваму" каде прави видео колумни и анализа во соработка со Република.
Јанко Илковски работел и во печатените медиуми, меѓу кои пишувал текстови за: Вечерен дневен весник, Премин,[3] Вечер,[4] Време, неделникот Фокус и неделникот Република.
Надворешни врски
Наводи
- ↑ Интервју за[мртва врска], Утрински Весник
- ↑ Интервју на, tocka.com.mk, 20 мај 2013
- ↑ Список на соработници на, preminportal.com.mk, јуни 2007
- ↑ Колумна во „Вечер“[мртва врска], vecer.mk, 7 мај 2008