Ауе-Шварценберг
Ауе-Шварценберг (германски: Aue-Schwarzenberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Фогтланд, Цвикау, Штолберг и Анаберг.
Ауе-Шварценберг Landkreis Aue-Schwarzenberg | |
---|---|
округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 01.08.2008 |
Седиште | Ауе |
Површина | |
• Вкупна | 528,25 км2 (203,96 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 138,331 |
• Густина | 260/км2 (680/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | ASZ |
Мреж. место | http://www.lra-asz.de |
ИсторијаУреди
Рудните Планини (германски: Erzgebirge) биле скоро ненаселени во раниот Среден век. Имало изолиран манастир во XII век. Повеќето од градовите во планините биле основани во XVI век, по откривањето на рудите сребро и калај.
Окрузите Ауе и Шварценберг биле основани во 1873 година. Во 1994 година, двата окрузи биле споени во еден заеднички округ, кој бил наречен Вестерцгебиргскрајс и една година подоцна бил преименуван во неговото постојно име (Ауе-Шварценберг). На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини.
ГеографијаУреди
Округот се наоѓал во западниот дел на Рудните Планини. Сртот на овој планински масив ја формира јужната граница на округот, која исто така е и германско-чешка граница. Највисокиот врв во округот е Ауерсберг (1019 м), вториот највисок врв во Саксонија, по Фихтелберг.
Изворот на Цвикауер Мулде се наоѓа во округот. Оттука тече кон север до Цвикау.
ГрбУреди
Грбот прикажува:
|
Градови и општиниУреди
Градови | Општини | |
---|---|---|
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„Ауе-Шварценберг“ на Ризницата ? |
- Службена страница (германски)
- Неофицијална страница (германски)
Координати: 50°35′24″N 12°42′00″E / 50.59000° СГШ; 12.70000° ИГД