Гринхајн-Бајерфелд

Гринхајн-Бајерфелд (германски: Grünhain-Beierfeld) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, кој се наоѓа 8 километри источно од Ауе. Настанал на 1 јануари 2005 година со спојување на градот Гринхајн и општината Бајерфелд.

Гринхајн-Бајерфелд
Црквата Св. Никола во Гринхајн
Црквата Св. Никола во Гринхајн
Црквата Св. Никола во Гринхајн
Грб на Гринхајн-Бајерфелд
Гринхајн-Бајерфелд во рамките на Германија
Гринхајн-Бајерфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градски единици 3
Градоначалник Јоаким Рудлер (ДХС)
Основни податоци
Површина 22,26 км2
Надм. височина 505 м
Население 5.712 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 257 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08344
Повик. бр. 03774
Портал www.gruenhain-beierfeld.de
Местоположба на градот Гринхајн-Бајерфелд во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°34′N 12°48′E / 50.567° СГШ; 12.800° ИГД / 50.567; 12.800

Географија

уреди

Местоположба

уреди

Градот се наоѓа во североисточниот дел на округот. Највисока точка во градот е Шпигелвалд (шума) на 738 метри надморска височина.

Соседни заедници

уреди

На север, градот се граничи со Цвениц, на исток со Елтерлајн, на југ со Рашау, на југозапад со Шварценберг на запад со Бернсбах и Лесниц.

Составни делови

уреди

Гринхајн-Бајерфелд има три составни дела:

  • Бајерфелд
  • Гринхајн
  • Вашлајте

Историја

уреди

Бајерфелд

уреди

Областа околу Бајерфелд била населена во XII век. Како многу други места во Рудните Планини, Бајерфелд бил само едно шумско село (Waldhufendorf). Името на градот потекнува од баварските доселеници (првите два слога, „Beier“ се изговараат на ист начин како германскиот збор Bayer, што означува „баварски“). Во 1233 година, Бајерфелд станал манастирско место со Мајнхард II од Вирбене на гринхајнската опатија. Така, игуменот на Гринхајн ја одржил јурисдикцијата над заедницата до реформацијата.

Меѓутоа, кога дошло рударството, започнал и преминот од чисто земјоделска заедница на индустриска. Зголемувањето на добивките на производителите на прибори за јадење во XVII и XVIII век, како и на индустријата за плочки во XIX век, го направиле градот главна точка на бизнисот. Од почетоците на рачно изработени куќни и кујнски машини, пораснало фабричкото производство во големи претпријатија на почетокот на XX век.

Гринхајн

уреди
 
Манастирски ѕид во Гринхајн

Гринхајн првпат бил споменат во 1150 година. Локацијата на солениот пат од Хале до преминот Пресниц и понатаму до Бохемија ги натерала Систерците да дојдат тука и да основаат манастир. Во 1276 година, Гринхајн ги добил градските права. До 15 век, манастирот го проширил своето поле на влијание, главно преку донации. На почетокот на реформацијата, манастирот зел под своја закрила 56 села и три градови. реформацијата и Триесетгодишната војна биле крајот на манастирот.

Вашлајте

уреди

Вашлајте бил првпат документиран во 1531. Веќе од XIII век, рударството започнало во долината Освалд, каде се наоѓа Вашлајте. Покрај среброто, калајот и железото, подоцна почнал да се ископува и мермер. Рударството продолжило до 1920. Рударството има свое влијание и во името на местото, кое се однесува на операцијата миење на рудата на гребен.

Припојувања

уреди

На 1 јануари 1999 година, Вашлајте се споил со Бајерфелд.

На 1 јануари 2005 година, Гринхајн и Бајерфелд се споиле, така што дошло и до промена на името во Гринхајн-Бајерфелд.

Култура и знаменитости

уреди
 
Црквата Св. Петар и Павле во Бајерфелд
 
Руини на Дуделскирхе (Dudelskirche) во Вашлајте

Музеи

уреди
  • Изложбата Zur Heimatecke во Вашлајте
  • Рудникот Herkules-Frisch-Glück во Вашлајте
  • Музеј на Црвениот Крст во Бајерфелд

Музика

уреди
  • Original Grünhainer Jagdhornbläser

Градби

уреди
  • Остатоци од систерцерски манастир во Гринхајн
  • Руини од црквата Свети Освалд (Dudelskirche) во Вашлајте
  • Црква Св. Петар и Павле во Бајерфелд
  • Црква Св. Никола во Гринхајн
  • Кула Крал Алберт (König-Albert-Turm)

Паркови

уреди
  • Природен парк Вашлајте

Спорт

уреди
  • Природен базен Гринхајн

Редовни настани

уреди
  • Löffelmacherfest во Бајерфелд (фестивал на производителите на лажици)
  • Klosterfestspiele во Гринхајн („манастирски игри“)
  • Harzerfest во Вашлајте

Трите фестивали се одржуваат по ред, секоја година.

Поглед од Шпигелвалд над Гринхајн (во позадина е Schatzenstein)

Економија и инфраструктура

уреди

Сообраќај

уреди

Гринхајн-Бајерфелд не е поврзан со ниедна друга општина со сојузен автопат; меѓутоа, најважните патни врски се со Шварценберг, близу кого поминува сојузниот автопат Б101 и патот до Цвениц.

Медиуми

уреди
  • Кабел Журнал (Kabel Journal)

Образование

уреди
  • 2 основни училишта
  • 1 средно улилиште
  • 1 стручен училиштен центар

Познати луѓе

уреди
 
Јохан Херман Шајн

Родени во градот

уреди

Луѓе поврзани со градот

уреди
  • Кунц фон Кауфунген (околу 1410-1455) — организатор на грабежот на кнежевството Алтенбург, фатен близу Вашлајте
  • Јохан Габриен Лебел (1635–1696) — сопственик на стакларница и производител на железо, умрел во Гринхајн
  • Томас Келер (1940- ) — двоен олимписки медалист во санкање, живеел во Бајерфелд
  • Ортрун Ендерлајн (1943- ) — натпреварувач во санкање, работел во Бајерфелд

Наводи

уреди
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

уреди