Штиценгрин
Штиценгрин (германски: Stützengrün) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија.
Штиценгрин | |
Куќа во барокен стил | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Месни единици | 3 |
Градоначалник | Биргит Рајхел (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 28,36 км2 |
Надм. височина | 584 м |
Население | 3.024 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 107 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08328 |
Повик. бр. | 037462 |
Портал | www.stuetzengruen.de |
Местоположба на Штиценгрин во рамките на округот Рудни Планини | |
Координати | 50°32′4″N 12°31′34″E / 50.53444° СГШ; 12.52611° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиШтиценгрин се наоѓа во Рудните Планини на самата граница со Фогтланд. Во Штиценгрин се наоѓа потокот Вајсбах, кој се влева во вештачкото езеро Ајбеншток.
Геологија
уредиОпштината се наоѓа на ридското плато Албеншток од турмалин-гранит и достигнува висина од 570 до 680 метри надморска височина.
Составни делови
уредиПокрај именуваната општина Штиценгрин, општинската област исто така ја сочинуваат и селата Хундсхибел и Лихтенау.
Историја
уредиРазвој на бројките на население (31 декември):
|
|
|
- Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
Политика
уредиНа изборите во 2005, CDU освоила најмногу гласови. Целосните изборни резултати биле следниве:
Партија | Прв круг | Втор круг |
---|---|---|
CDU | 45,6% | 39,4% |
SPD | 21,4% | 21,1% |
Die Linke. | 16,5% | 17,1% |
FDP | 8,3% | 12,2% |
Зелени | 1,4% | 2,3% |
NPD | 2,9% | 3,7% |
Избор за градоначалник 2007
уредиНа изборите за градоначалник на 2 септември 2007, Bürgermeisterin Биргит Рајхел (CDU) била избрана повторно со 99,3 од гласовите. Излезноста на гласачите била 48,3%.
Култура и знаменитости
уредиСместена на сојузниот автопат 169, кој поминува низ општината, е Bauernbarockkirche („Барокна фармерска црква“), изградена во 1701 и сега заштитен споменик, со нејзиниот олтар и 130-годишните оргули.
Други знаменитости во општината е 795-метри високиот Куберг („Кравја планина“) со кулата Prinz-Georg-Turm, која овозвожува поглед на соседните општини. Исто така, патеката Bergwiesenerlebnispfad во самата планина овозможува прошетка низ недопрената вегетација и низ повеќе замоци.
Економија и инфраструктура
уредиСообраќај
уредиШтиценгрин се наоѓа на сојузниот автопат 169. До 1970-тите, општинаа била поврзана со железница со пругата со тесен колосек, која водела од Вилкау-Хаслау до Карлсфелд. Во 1997, делот за Шенхајде бил обновен и поставен како музеј.
Образование
уредиВо Штиценгрин се наоѓа основно училиште на Schulstraße, кое ги задоволува потребите на општината.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
уреди„Штиценгрин“ на Ризницата ? |