Анаберг
Анаберг (германски: Annaberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Ауе-Шварценберг, Штолберг и Средни Рудни Планини. Бои на округот биле розова, зелена и сина.
Анаберг Landkreis Annaberg | |
---|---|
округ | |
Земја | Германија |
Покраина | Саксонија |
Укинат | 1 август 2008 |
Седиште | Анаберг-Буххолц |
Површина | |
• Вкупна | 438 км2 (169 ми2) |
Население (2001) | |
• Вкупно | 86,800 |
• Густина | 200/км2 (510/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | ERZ |
Мреж. место | erzgebirge-total.de/ana |
Историја
уредиВо средниот век, Рудните Планини биле речиси ненаселени и покриени со густи шуми. Градовите Анаберг и Буххолц (споени во 1945 да го создадат Анаберг-Буххолц) биле основани на крајот на XVI век, поради откривањето на рудите сребро и калај. Па така, луѓето од саксонските низини се преселиле во планините и основале многу мали градови и села.
Округот Анаберг бил основан во 1874 година.
Округот Анаберг станал дел од новиот округ Рудни Планини на 1 август 2008 година. Округот Рудни Планини се состои од поранешните окрузи Анаберг, Штолберг, Ауе-Шварценберг и Средни Рудни Планини.
Географија
уредиОкругот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини на чешко-германската граница. Се простира од високите планини на самата граница до ниските ридови на север. Градот Обервизентал е највисокиот град во Германија. Се наоѓа на падините на Фихтелберг, вториот највисок врв на Рудните Планини, на 1.214 метри.
Грб
уредиГрбот прикажува:
|
Градови и општини
уредиГрадови | Општини |
---|---|
Надворешни врски
уреди- Службена страница Архивирано на 24 февруари 2003 г. (германски)
- Неофицијална страница (германски)
50°34′48″N 13°00′00″E / 50.58000° СГШ; 13.00000° ИГД
|