Аток
Аток бил познат Инка генерал во служба на Сапа Инка Хуаскар. По смртта на таткото на Хуаскар, Хуајна Капак, Аток бил испратен на север, најверојатно во 1529, за да ги смири сепаратистите под водство на полубратот на Хуаскар, Атахуалпа. Атахуалпа бил поразен за време на битката на Чилопомпа, но успеал да избега од притвор и да создаде нова војска. Наскоро се случила втора битка, битката на Чимборазо каде Атахуалпа го победил својот полубрат. Во истата битка, генералот на Атахуалпа Чалкучимак го убил генералот на Хуаскар - Аток.
Цивилизација на Инките |
---|