Астипалеја

остров во Спорадите, во јужниот дел на Егејското Море, Грција

Астипалеја (грчки: Αστυπάλαια) — грчки остров кој припаѓа на Додеканезите, архипелаг на дванаесет поголеми острови во југоисточното Егејско Море. Островот има 1.334 жители (пописот во 2011 година).

Астипалеја
Αστυπάλαια
Астипалеја
Астипалеја
Астипалеја is located in Грција
Астипалеја
Астипалеја
Местоположба во областа
2011 Dimos Astypaleas.png
Координати: 36°33′N 26°21′E / 36.550° СГШ; 26.350° ИГД / 36.550; 26.350
ЗемјаГрција
ОбластЈужен Егеј
ОкругКалимнос
Површина
 • Општина114,1 км2 (441 ми2)
Најг. вис.&10000000000000506000000506 м
Најм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2011)[1]
 • Општ.1.334
 • Општ. густина1,2/км2 (3,0/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.859 00
Повик. бр.22430
Рег. таб.ΚΧ, ΡΟ, ΡΚ
Мреж. местоastipalea.org

Островот е долг 18 километри и покрива површина од 97 км2[2]. Заедно со бројните помали ненаселени островчиња, ја формира Општина Астипалеја, која е дел од регионалната единица Калимнос. Општината има површина од 114.077 км2[3]. Главниот град и претходно главното пристаниште на островот е Астипалеја или Хора, како што го нарекуваат месните жители.

Географија

уреди
 
Карта на островот од 1597 година.

Брееговите на островот се карпести со многу мали песочни плажи. Мала брана со површина од околу 126 метри речиси го дели островот во два дела.

Ново пристаниште е изградено во Агиос Андреас на средината на островот, од каде се воспоставени врски со запад и исток со Пиреја и другите острови на Додеканезите.

  • Села: Астипалеја или Хора (население од 1,036), Аналипси (149), Ливади (39), Вати
  • Острови: Агија Киријаки, Астипалаја, Авго, Глино, Зафораш, Куноупои, Кацумити, Месонизи, Офидоуса, Плакида, Понтикоуса, Стефанија, Сирна, Фокионизија, Хондро, Хондрониси (сите ненаселени, освен Астипалаја)

Историја

уреди
 
Поглед кон замокот

Во старогрчката митологија, Астипалеја била жена киднапирана од Посејдон[4]. Островот бил колонизиран од Мегара, а нејзиниот систем на владеење и згради се познати од бројни натписи[5]. Плиниј Постариот забележува дека Рим доделил на Астипалеја статус на слободна држава[6].

Во текот на средниот век Астипалеја припаѓала на Византијците до 1207 година, кога - по завршувањето на Четвртата крстоносна војна - станала феудален имот на фамилија Кверини, благородна венецијанска фамилија, до 1522 година. Кверини изградиле замок кој денеска сѐ уште се наоѓа на врвот од Хора. Островот бил освоен од Османлиите во 1522 година и останал под контрола на Османлиите до 1912 година, со два прекини: од 1648 до 1668, за време на Критската војна, островот бил окупиран од Венеција, и од 1821 до 1828 за време на Грчката војна за независност.

На 12 април 1912 година, за време на Италијанско-турската војна, силите на Италијанската кралска морнарица пристигнала на Астипалеја, со што станал првиот остров окупиран од Италија на Додеканезите. Од таму Италијанците, во ноќта помеѓу 3 и 4 мај, заминале на Родос[7]. Островот останал под управа на Италија до Втората светска војна. Во воената поморска битка во близина на островот во септември 1943 година, грчкиот уништувач Василиса Олга заедно со британските уништувачи, потонале германски конвој.

Во 1947 година, преку Договорот од Париз, островот станал дел од Грција заедно со остатокот од островската група на Додеканези.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. "Astypalaia" in The New Encyclopædia Britannica. Chicago: Encyclopædia Britannica Inc., 15th edn., 1992, Vol. 1, p. 651.
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  4. Theoi.com
  5.   Една или повеќе речениците пред наводов вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Astropalia“ . Encyclopædia Britannica. 2 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 819.CS1-одржување: ref=harv (link)
  6. Gary Reger, "The Aegean" in Hansen and Nielsen eds., An Inventory of Archaic and Classical Poleis (Oxford 2004), 737.
  7. Bertarelli, 161

Надворешни врски

уреди
  • Bertarelli, L.V. (1929). Guida d'Italia, Vol. XVII. Consociazione Turistica Italiana, Milano.