Аркудохор
Аркудохор (грчки: Αρκοχώρι, Аркохори; книжевно: Αρκοχώριον, Аркохорион; до 1934 година: Αρκουδοχώρι, Аркудохори[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Негуш, во Централна Македонија, Грција.
Аркудохор Αρκοχώρι | |
---|---|
Координати: 40°35′N 22°05′E / 40.583° СГШ; 22.083° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Негуш |
Општ. единица | Негуш |
Надм. вис. | 600 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 256 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 5 километри јужно од градот Негуш, на надморска височина од 600 метри.[3] Вкупниот селски атар зафаќа површина од 17 квадратни километри.
Сместено е на источните падини на планината Каракамен.
Историја
уредиНаселението во минатото имало грчко и македонско потекло, но македонското било одамна асимилирано од грчкото. К’нчов и Бранков погрешно го споменуваат како македонска населба.[3]
Во 1934 година, името на селото било преименувано во Аркохори (Αρκοχώρι).[4]
Стопанство
уредиСелото Аркудохор е доста пасивно, а населението главно се занимава со овоштарство, со експлоатација на шумите и со сточарство.[3]
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 240 Македонци христијани.[3][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Аркудохор имало 320 Македонци.[6]
Селото во пописот од 1913 година било забележано со 447 (од кои 266 мажи и 181 жена[7]), во 1920 година со 446, во 1928 година со 512, во 1940 година со 670, во 1951 година со 715 и во 1961 година со 675 жители. Во 1971 година, поради иселувањето на поголем број семејства во поголемите градови во земјата и во странство, бројот на населението се намалил на 375, а во 1981 година на 206 жители. Во пописот од 1991 година се покажало зголемување, бидејќи биле забележани 312 жители.[3]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 332 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 256 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 670 | 715 | 675 | 375 | 206 | 312 | 332 | 256 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Негуш со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Негуш, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Аркудохор, во кој е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρκουδοχώριον - Αρκοχώριον
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 31.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 144.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 222-223.
- ↑ „Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.
Белешки
уреди- Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.