Форумот на Аркадиј (латински: Forum Arcadii, грчки: Φόρος τοῦ Ἀρκαδίου) бил изграден во времето на императорот Аркадиј во градот Цариград , денешен Истанбул.

Карта на Цариград

Објектот бил изграден кон почетокот на 5 век и се наоѓал во Ксеролопос. Овој форум бил последен пред да се стигне на Златната порта и ѕидините на градот, вклучувајќи ги форумот на Теодосиј, форумот на Константин кои се наоѓале на главната улица во градот Месе. Подоцна форумот од страна на Османлиите бил претворен во чаршија која се викала Пазари Аврат или Чаршија на жените каде се вршела продажба на женски робови.

Во центарот на форумот се наоѓал столбот на Аркадиј кој бил висок околу 50 метри. Столбот бил разрушен во 1715 година.

Поврзано уреди