Археолошки музеј во Истанбул
Археолошкиот музеј во Истанбул (турски: İstanbul Arkeoloji Müzeleri) е археолошки музеј, кој се наоѓа во областа Еминону, Истанбул, Турција, во близина на Паркот Ѓулхан и Топкапи-сарај.
Основан | 13 јуни 1891 |
---|---|
Место | Осман Хамди Беј Јокушу Сокак, Ѓулхане, Истанбул, Турција |
Тип | археолошки музеј |
Фонд | 1+ милиони предмети |
Посетеност | 200.000 [1] |
Директор | Исмаил Карамут |
Археолошки музеј во Истанбул се состои од три објекти.
- Археолошки музеј (главната зграда),
- Музеј на Античкиот Ориент
- Музејот на исламската уметност (керемиден Киоск).
Овие објекти поседуваат над еден милион предмети кои ги претставуваат речиси сите епохи и цивилизации во историјата на светот.
Музејот бил отворен официјално на 13 јуни 1891 година. Во овој музеј се наоѓа сакрофаг кој се смета дека припаѓа на Александар Македонски.[2] Овде се наоѓа и најстариот потпишан некогаш мировен Кадиски договор, којшто датира од 1258 п.н.е.
Најпознати колекции:
- Александарски саркофаг
- Сакрофаг на расплачената девојка
- Сакроваг на Табнит
- Ликиски гроб
- Глазирани плочки, на кој е нацртана порта Иштарска порта на Вавилоон
- Антички старогрчки статуи
- Статуа на Ефебос
- Резби на Александар Велики и Зевс.
- Фрагменти од храмот на Атена во Асон.
- Фрагменти од троја
- 800.000 Отомански монети, пломби, одликувања и медали.
- Кадискиот договор.
- Силоамски натпис [3]
Слики
уреди-
Старогрчки споменици
Наводи
уреди- ↑ Milliyet Newspaper Online (2007-02-28). „"Eser zengini-ilgi fakiri müzeler."“ (турски). Посетено на 2008-04-02.
- ↑ The New York Times - Istanbul Archaeology Museum
- ↑ Matti Friedman. „Jerusalem seeks return of ancient tablet“ (англиски). Yahoo News. Архивирано од Article: изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2007-07-16. Посетено на 2007-07-13.