Мозел (река)

река во Германија, Франција и Луксембург

Мозел (француски: Moselle, германски: Mosel; луксембуршки: Musel) — река што тече низ Франција, Луксембург и Германија. Таа е лева притока на Рајна, во која се влева кај Кобленц. Мал дел од речното подрачје на Белгија истекува во Мозел преку реката Ур.

Мозел
Reichsburg Cochem 0003a.jpg
Местоположба
Физички особености
УстиеРајна
50°21′58″N 7°36′25″E / 50.36611° СГШ; 7.60694° ИГД / 50.36611; 7.60694 (Rhine-Moselle)Координати: 50°21′58″N 7°36′25″E / 50.36611° СГШ; 7.60694° ИГД / 50.36611; 7.60694 (Rhine-Moselle)
Должина545
Особености на сливот
Мозел кај Бајлштајн

Името на реката е изведено од латинскиот поим Mosella („Мала Меза“). По неа се именувани два департмани во Франција: Мозел и Мерт и Мозел.

Речното корито на Меза е прилагодено за сообраќај на големи товарни бродови до должина до 110 м.[1]

ГеографијаУреди

Мозел извира во западните падини на планината Алзашки Балон во венецот Вогези, па тече низ регионот Лорена западно од Вогезите. Во подолното течение во Германија, Мозелската долина ги разделува планинските краеви Ајфел и Хунсрик. Има вкупна должина од околу 546 км.

По течението на реката се среќаваат следниве населени места:

ПритокиУреди

 
Стариот живописен град Бернкастел-Кис на реката Мозел.

Леви: Мадон, Теруан, Еш, Рип де Ма, Орн, Фенш, Гандер, Сир, Зауер, Кил, Залм, Лизер, Алф, Ендерт, Бролбах, Елцбах.

Десни: Мозелота, Волоња, Мерт, Сеј, Сар, Олевигер Бах, Авелсбах, Рувер, Фелер Бах, Дрон, Арингсбах, Каутенбах, Лицбах, Флаумбах, Алтлајер Бах, Бахбах, Ербах.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. [„База на Елвис (германски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на германски]]“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-10-28. Посетено на 2012-11-09. URL–wikilink conflict (help) База на Елвис (германски)]

Надворешни врскиУреди