Арарат

планина во Турција
(Пренасочено од Арарат (планина))

Арарат (турски: Ağrı Dağı, ерменски: Արարատ) — заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Има два врва: Голем Арарат (5.137 м) и Мал Арарат (3.896 м). Масивот има пречник од околу 40 км, а иранско-турската граница минува источно од Мал Арарат.

Арарат
Ağrı Dağı / Արարատ

Арарат (десно) и Мал Арарат (лево)
Највисока точка
Надм. вис.5137 м
Истакнатост3611 м 
48-ма
Заведена каконајвисок во земјата, ултра
Друго имеAğrı Dağı / Արարատ
Географија
Арарат на карта

Карта

Местонајблизок град:
Догубајазит, Агри, Турција[1]
Геологија
Видстратовулкан
Последен избув1840[2]
Искачување
Прво освојување1829
Фридрих Паро и
Хачатур Абовјан[3]
Поглед на Арарат од Игдир, Турција.
Поглед на Арарат од Хор Вирап, Ерменија.

Според Библијата, во „горите на Арарат“ застанала арката на пророкот Ное откако стивнал Светскиот потоп.

Планината зазема значајно место во ерменската култура и големоерменските идеи, и е претставена е на грбот на Ерменија.

Географија

уреди

Арарат се наоѓа во областа Источна Анадолија, помеѓу Догубајазит и Игдир, недалеку од границата со Иран, Ерменија и азербејџанската ексклава Нахичеван, меѓу реките Аракс и Мурат.[1] Врвот е сместен 16 км западно од турско-иранската и 32 км јужно од турско-ерменската граница. Од северозападната до западната страна на масивот се протега Араратската Рамнина.

Геологија

уреди

Масивот претставува стратовулкан, образуван од лава и вжештен исфрлен материјал, и нема кратер. На надморска височина преку 4.100 м, планината се состои претежно од магматски карпи покриени со ледена капа.[5] Југоисточно од главниот врв, од истата основа се издига помалиот ќулав Мал Арарат, висок 3.896 м. Помеѓу двата врва лежи висорамнина сочинета од скаменета лава. Подножјата на двете планини зафаќаат приближно 1.000 км2.[6] Се смета дека планините настанале во неогенот, при затворањето на праокеанот Тетида.[7]

Искачување

уреди

Планината први ја освоиле германскиот природонаучник Фридрих Парот и мештанинот Хачатур Абовјан во 1829 г.[3] Во 1845 г., Абовјан ја искачил планината со германскиот минералог Ото Вилхелм фон Абих, а следната година англискиот политичар Хенри Д. Симор.

Денес планината може да се искачува само со издадена дозвола и во придружба на ополномоштен водич од Турција.

Македонски искачувачи

уреди

Најпознат македонски искачувач на Арарат е алпинистот Живко Темелкоски, кој до 2008 г. планината ја има освоено на девет наврати.[8]

Првата жена од Македонија што го искачила Арарат е планинарката Катица Борисовска, како учесник во V Меѓународно искачување на планината Арарат во 2006 г.[9]

Во Библијата

уреди

Во Библијата, Арарат се споменува како местото кајшто застанала Ноевата арка по Светскиот потоп (Битие 8:4). Во неа се вели дека бродот застанал на „горите на Арарат“, споменувајќи го поширокото подрачје, па затоа не е сигурно дека се работи за самата планина која денес се нарекува „Арарат“.

Во сириското православие и Куранот се смета дека Ное застанал на планината Џуди, во денешен северозападен Иран. До средниот век, западното толкување за планината превагнало во сите цркви, вклучувајќи ги и православните.

Политички граници

уреди

Арарат речиси образува четворомеѓе помеѓу Турција, Ерменија, Азербејџан и Иран. Врвот се наоѓа 16 км зашадно од иранската и азербејџанската граница, како и 32 км јужно од ерменската граница.

Тромеѓата Турција-Ерменија-Азербејџан и Турција-Иран-Азербејџан се оддалечени 8 км, одделени со тесен појас на турска територија со магистралата E99 во правец на Нахичеван (Азербејџан).

Ваквите граници важат од 1991 г. со осамостојувањето на Азербејџан и Ерменија, но исцртани се во 1923 г, по судирите во Првата светска војна и падот на Отоманското Царство, особено во Ерменско–азербејџанската војна (1918- 1920) и основањето на Република Турција со Лозанскиот договор (1923) во кој е уредена поделбата на Отоманското Царство.

Од 1923 до 1991 г, ерменско-азербејџанската граница била внатрешна, во рамките на Советскиот Сојуз (помеѓу Ерменската ССР и Нахичеванската АССР). Пред Првата светска војна, подрачјето било поделено помеѓу Руското, Отоманското и Персиското царство.

Планината е отворена за посетители дури во 1998 г., а од 2004 г. сочинува дел од природен резерват.

Значење во ерменскиот национализам

уреди
 
Грбот на Ерменија — планината Арарат е претставена во средишниот штит.
 
Грбот на Ерменската ССР

Според ерменската митологија, Арарат бил дом на боговите. Во поново време, симболизмот планината е заживеан како обележје на ерменскиот национален идентитет. Една од причините е тоа што Арарат се издига над Ереван и има големо присуство во градскиот видик.[10] Како таква, планината е претставена во штитот на грбот на Ерменија.[11] Истата стоела и на грбот на Ерменската ССР, заедно со српот и чеканот и црвена ѕвезда зад неа.[12] По распадот на СССР, усвоена е малку изменета верзија на грбот на ДР Ерменија и таквиот стои до денес.[11]

Арарат е прикажан и на разни банкноти на ерменскиот драм од периодот помеѓу 1993 и 2001 г.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Агри – Планината Арарат“ — Министерство за култура и туризам на Турција, 2005 (англиски)
  2. „Арарат“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2009-01-01. (англиски)
  3. 3,0 3,1 Рана американска експедиција на Арарат (англиски)
  4. ГПС-премер во 2007 г. (англиски)
  5. Jamie C. Woodward (2009). The physical geography of the Mediterranean. Oxford University Press US. стр. 355. ISBN 978-0-19-926803-0. Посетено на 5 јуни 2011.
  6. Jr Thomas Gaskell Allen; William Lewis Sachtleben (24 мај 2010). Across Asia on a Bicycle (илуст. издание). Echo Library. стр. 39–41. ISBN 978-1-4068-6782-4. Посетено на 5 јуни 2011.
  7. Eldridge M. Moores; Rhodes Whitmore Fairbridge (30 ноември 1997). Encyclopedia of European and Asian regional geology. Springer. стр. 132. ISBN 978-0-412-74040-4. Посетено на 5 јуни 2011.
  8. Јаневски, Дарко (2008-10-16). „Подвиг на наши планинари: Македонското знаме се развеа на библиската планина Арарат“. Дневник. Посетено на 2013-09-09.
  9. „Прва Македонка на библиската планина: Катица го освои Арарат“. Дневник. 2006-03-18. Посетено на 2013-09-09.[мртва врска]
  10. „Арарат“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 2008-11-11. (англиски)
  11. 11,0 11,1 „Ерменија: Грб“. Crwflags.com. Посетено на 2008-11-11.
  12. „Ерменија во Советскиот Сојуз“. Flagspot.net. Посетено на 2008-11-11.

Библиографија

уреди

Надворешни врски

уреди