Мурат (река)
река во Турција
Мурат (турски: Murat Nehri), Источен Еуфрат или Арсаниј (од старогрчки: Ἀρσανίας) — река во Турција и еден од покрупните водотеци што го сочинуваат Еуфрат. Извира кај планината Арарат северно од езерото Ван во источна Турција и тече на запад низ планински предели, во должина од 722 км. Пред изградбата на браната „Кебан“, Мурат се влевал во реката Карасу, 10 км северно од неа и 13 км северно од градот Кебан.[1]
Murat River Murat Nehri | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Карасу, кај Кебан, Елазиг |
• надм. вис. | 820 м |
Должина | 722 км |
Особености на сливот | |
Речен слив | Еуфрат |
Во покраината Муш, течението е прекинато со браната „Алпаслан-1“, изградена во 2009 г. Во подолниот дел од течението се работи на браната „Алпаслан-2“, чија изградба треба да заврши во 2016 г. На крајот, реката се влева во хидроакумулацијата на Кебан.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Фидбал на замрзнатата река“. Turkish Daily News. 2004-12-31.
- ↑ „Мурат“. Енциклопедија „Британика“. Посетено на 2008-02-16.
Надворешни врски
уреди„Мурат (река)“ на Ризницата ? |