Отвори го главното мени

Аракс е една од најголемите реки во регионот Закавкази во југозападна Азија. Извира од подножјето на планината Бингол во близина на градот Ерзарум во Турција, а се влева во реката Куру во близина на градот Цабирабада во Азербејџан. Вкупната должина на реката е 1 072 км, а површината на сливот е 102 000 км². Протекува низ 4 држави: Турција, Ерменија, Иран и Азербејџан. Реката до 1991 година ја претставувала јужната граница на Советскиот Сојуз со Турција и Иран. Во своите дела Аракас ја споменуваат и античките патописци, како Херодот, Вергилиј и Страбон. СПоред некои таа одговара на реката Гихон која се споменува во Библијата. Реката Аракс во почетокот на XIX век била одредена како граница помеѓу Русија и Персија.

Аракс
Aras-02.jpg
Река Аракс
ЗемјаТурција, Ерменија, Иран и Азербејџан
Слив
Главен изворЕрзурум, Турција
УстиеРека Куру
Сливна повр.102 000 км²
Физички особености
Должина1 072км

ГеографијаУреди

Реката извира во источна Турција, во близина на градот Ерзурм, подножје на планината Бингол, во источниот дел на Ерменските висорамнини. Од изворо па се до примање на првата притока Ахурјан, Аракс е типична планинска река со бројни брзаци и тече нис тесна клисура. По спојувањето со реката Ахурјан влегува во пространата акумулативна Арартска рамница настаната со таложење на речните наноси. Низводно од Веди реката повторно навлегува во тесна клисура зад која се наоѓа Нахичванската Рамнина. Во тој дел претставува природна граница измеѓу Нихчиванската Република и Иран. По примањето на реката Нахичеванчај влегува повторно во Муганска и Миљуска степа во Азербејџан по што се влева во реката Куру кај градот Сабирбада, како десна притока. Вака ограничено подрачје кое се одводнува на Аракс има површина од 102 000 км². Вкупната должина на реката е 1 075 км, а пресечниот проток е 285m³/с. Некои од поважните притоки на Аракс се Ахурјан, Севџур, Храздан, Арпа, Азат, Веди, Вортон, Вохчи.