Антонио Табуки
Антонио Табуки (италијански: Antonio Tabucchi), (24 септември 1943, Пиза – 25 март 2012, Лисабон, Португалија) бил италијански писател и академик кој предавал португалски јазик и литература на Универзитетот во Сиена, Италија[1].
Антонио Табуки Antonio Tabucchi | |
---|---|
Роден/а | 24 септември 1943 Пиза, Кралство Италија |
Починат/а | 25 март 2012 Лисабон, Португалија | (возр. 68)
Занимање | Романописец, новелист |
Националност | Италијанец, португалци |
Период | 1975–2012 |
Сопруг/а | Марија Јосе де Ланкастре |
Како приврзаник и познавач на португалската култура, Табуки предавал португалска литература и бил директор во италијанскиот културен центар во Лисабон.
Тој бил професор по португалски јазик и литература на Универзитетот во Сиена. Тој ги превел и подготвил собраните дела на португалскиот поет Фернандо Песоа на италијански. Неговото творештво е обемно и разновидно. Неколкупати бил номиниран за Нобелова награда за литература . Неговите книги се преведени на повеќе од 30 јазици[2].
Животопис
уредиОдлучувачки ден во неговиот живот бил кога едно попладне, како матурант, заминал за Париз, сакајќи да ја пронајде својата професионална вокација. Пред да влезе во возот, немајќи многу пари, тој ја купил малата книга „Продавница за тутун“ од Фернандо Песоа, која целосно му го изменила животот. Ентузијазмот за творештвото на Песоа, го натерарало да го научи португалскиот јазик и љубов кон португалската култура. Како резултат на тоа, тој дипломирал во 1969 година со теза на тема „Надреализмот во Португалија“. Потоа бил назначен за учител по португалски јазик и литература во Болоња во 1973 година. Во истата година, дебитирал како писател, објавувајќи го романот „Италијански плоштад“ (Bompiani 1975), во кој се обидел да ја опише историјата од гледна точка на губитниците, во случајов тосканските анархисти, во романот се надоврзал стилски и творечки кон традицијата на големите италијански писатели од поблиското минатоо : Џовани Верга, Федерико де Роберто, Џузепе ди Лампедуза[3].
Кариера
уредиВо 1978 година бил назначен за професор на Универзитетот во Ѓенова. Во тој период ги објавил делата: „,Малиот брод“, „Бекхенд игра“, „Жена на пристаништето Пим“[4]. Неговиот прв поистакнат роман бил „Индиско Ноктурно“, кој бил објавен во 1984 година, а според него бил снимен истоимениот фил во 1989 година во режија на Ален Корно. Главниот јунак, се обидува да го најде својот пријател, кој исчезнал во Индија, но всушност е во потрага по сопствениот идентитет[5]. Во 1987 година, ја доби француската награда - Француска награда Медичи, за најдобар странски роман (Индиско Ноктурно). Претседателот на Португалија му ја доделил титулата Do Infante Dom Henrique во 1989 година, а истата година француската влада го прогласила за Витез на уметноста и литературата[6]. Во 1994 година тој го објавил романот што му донел најмногу признанија: „Переира потврдува“, добитник на „Награда Кампело“, и „Жан Моне за европска литература“. Протагонистот на овој роман станува симбол на одбраната на слободата во сите антидемократски режими.
Во 1997 година го објавил романот „Изгубената глава на Дамаскено Монтеиро“ инспириран од вистинската настан, за човекот чиј обезглавен труп бил пронајден во парк. Откриено било дека човекот бил убиен во близината на полициската станица на Републиканската национална гарда (ГНР). Веста ја погодила чувствителноста и имагинацијата на писателот. За да го заврши овој роман, Табуки работел на документите собрани во Советот на Европа во Стразбур кои ги испитуваат условите на притвор во Европа , вклучително и односот меѓу граѓаните и полицијата. Романот се покажал како пророчки кога полицискиот наредник Хосе дос Сантос подоцна го признал убиството, за кое бил осуден на 17 години затвор.
Во 1997 година, Академијата Лајбниц му ја доделила наградата „Ханс Ерих Носак “.
Во 2001 година, Табуки го публикувал епистоларниот роман „Тоа се работи подоцна“, книгата ја добила наградата „Француска култура“ во 2002 година на (француското радио за културно ) за странска литература.
Табуки се сметал себеси за писател само во онтолошка смисла, затоа што од егзистенцијална гледна точка се дефинирал како „универзитетски професор“. За Табуки, книжевноста не била професија, „туку нешто што вклучува љубов, соништа и имагинација“.
Табуки редовно пишувал статии за културната рубрика на весниците „Кориера дела Сера“ и „Ел Пис“[7].
Смрт
уредиТабуки почина во болница во Лисабон на 25 март 2012 година, по долгата битка со ракот[8].
Почести и награди
уредиВо 2007 година, тој добил почесен докторат од Универзитетот во Лиеж. Португалската влада го именувала со Командант од Редот на принцот Хенри на 7 април 1989 година. Во 1989 година, француската влада го именуваше за Витез на уметноста и литературата. Во 2004 година, тој бил награден со наградата за новинарство „[[[Франциско де Церецедо]]], доделена од Здружението на европските новинари.
Творештво
уреди- Италијански плоштад (1975), ISBN 88-07-01458-0[9].
- Малиот брод (1978)
- Играта на обратните и другите приказни (1981, збирка раскази), ISBN 88-07-01354-1
- Жената од Порто Пим (1983)
- Индиско ноктурно (1984)
- Малку недоразбирања без значење (1985 , збирка раскази), ISBN 88-07-01306-1
- Нишка на хоризонтот (1986, збирка раскази), ISBN 88-07-01322-3
- Летечките суштества на фра Ангелико (1987) ISBN 978-1935744566
- Минимален персонал (1987)
- Пропуштените дијалози (1988), ISBN 88-07-05058-7
- Стебло полно со луѓе. Огледи за Фернандо Песоа “ (1990), ISBN 88-07-05080-3
- Црниот ангел (1991, збирка раскази), ISBN 88-07-01414-9
- Соништа од соништата (1992)
- Реквием: Халуцинација (1991), ISBN 88-07-01433-5
- Последните три дена на Фернандо Песоа (1994), ISBN 88-389-1056-1
- Переира кажува ( 1994 ), ISBN 88-07-01461-0
- Каде оди романот (1995, есеј), ISBN 88-86680-00-7
- Карлос Гумпер, разговор со Антонио Табуки (1995)
- Изгубениот глава на Дамасконо Монтеиро (1997 ), ISBN 88-07-01518-8
- Маркони, ако се сеќавам правилно (1997), ISBN 88-397-0978-9
- Автомобил, носталгија и бесконечност (1998)
- Платоновиот гастритис (1998), ISBN 88-389-1421-4
- Циганите и ренесансата (1999), ISBN 88-380-8010-0
- 'Кошула полна со дамки. Разговори на А.Т. со Антеос Хрисостомидис (1999)
- Соништата и последните три дена на Фернандо Песоа (2000), ISBN 978-0-87286-368-2
- Подоцна станува сè подоцна (2001.), ISBN 88-07-01590-0
- Автобиографии на другите. Poetics a posteriori (2003), ISBN 88-07-42098-8
- Тристан почина ’’ (2004), ISBN 88-07-01646-X
- Времето старее брзо (2009 г), ISBN 9780914671053
- Патување и други патувања (2010)
- Приказни со бројки (2011), ISBN 88-389-2494-5
- Свртете ги улиците (2012)
- За Изабел (2017)
Наводи
уреди- ↑ „Antonio Tabucchi“. Архивирано од изворникот на 2021-05-23. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ Antonio Tabucchi obituary
- ↑ „Antonio Tabucchi (1943-2012)“. Архивирано од изворникот на 2020-08-12. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ „Una cartografía“. Архивирано од изворникот на 2020-07-20. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ Filmography
- ↑ „Antonio Tabucchi at the complete review“. Архивирано од изворникот на 2020-06-30. Посетено на 2020-07-25.
- ↑ A N TONIO TA BUCCHI: A COMMI TT ED DOUBT ER
- ↑ Antonio Tabucchi, Elegiac Italian Writer, Dies at 68
- ↑ BIBLIOGRAFIA
Надворешни врски
уреди- Biografiche su Girodivite
- "Scrittori per un anno" ha dedicato una puntata a Antonio Tabucchi [1] Архивирано на 12 мај 2018 г.
- Tabucchi, uomo libero
- Addio ad Antonio Tabucchi autore di "Sostiene Pereira"
- Intervista ad Antonio Tabucchi: Che fatica il mestiere di scrivere
- Dalla magia all'impegno etico-politico in una Lisbona fantastica e reale
- Addio Tabucchi il nostro agente a Lisbona
- Aveva lo sguardo aperto sul Mondo, da Il Tirreno Архивирано на 21 септември 2013 г.