Англиски или англијански јазици (англиски: Anglic или Anglian) (од лат. Anglicus со истото значење) — ретко употребуван израз за јазиците познати како Englishes, како да речеме т.н. World Englishes (светски англиски јазици) или New Englishes (нови англиски јазици), се смета за помалку англоцентричен општ поим отколку само англиски за варијантите кои водат потекло од староанглискиот јазик. Изразот често се користи кога се имплицира дека варијантите како шкотскиот се засебни јазици, а не дијалекти на англискиот.

Англиски (Англијански) јазици
Anglic, Anglian
Географска
распространетост:
првобитно Велика Британија, денес низ целиот свет
Класификација:Индоевропски
Гранки:

Англиски јазици

уреди

Од погоре кажаното доаѓа концептот „Англиски“ или „Англијански“ јазици (Anglic languages, Anglian languages), еден од двата ограноци на англофризиските јазици, кои самите се огранок од западногерманските јазици. Англиски јазици се староанглискиот и неговите потомци. Семејната лоза е:

Староанглиски јазик
Ран северен средноанглиски јазик Ран мидлендски и југоисточен средноанглиски јазик Ран јужен и југозападен средноанглиски јазик
Раношкотски јазик Северен средноанглиски јазик Мидлендски и југоисточен средноанглиски јазик Јужен и југозападен средноанглиски јазик
Средношкотски јазик Метрополитенски раносовремен англиски јазик
Современи шкотски дијалекти Современи северноанглиски дијалекти Современи мидлендски англиски дијалекти Современ стандарден англиски јазик Современи јужни југозападни англиски дијалекти

Друга употреба

уреди

Зборот Anglic се однесува и на англијанските дијалекти на староанглискиот јазик, имено Нортамбрискиот и Мерсискиот.

Anglic е и помеѓународен начин на пишување на англискиот јазик заради пристапност до меѓународната јавност. Измислен е во 1930 од шведскиот филолог Р. Е. Цакрисон.

Поврзано

уреди