Ана Михајловски (20 октомври 1982, Белград) —— српска телевизиска водителка, претежно на локални лиценцирани реални шоуа и емисии. Воедно работи и како глумица.

Кариера

уреди

Нејзиното прво појавување на телевизија е уште во средношколските денови во 2001 година, но официјално се појави како водителка на познатата емисија Летечки старт во февруари 2003 емитувајќи се на РТВ Пинк и со само 20 години заедно со Милан Калиниќ стана многу позната на Балканот. Во јуни 2004 се појави како водителка на 48 часа свадба, a потоа исто заедно со Милан Калиниќ доби водителска функција на реномираниот фестивал Сунлане скале кој се одржува во Херцег Нови, Црна Гора. Во мај 2007 го предводи познатиот Велики брат, а во септември 2008 станува водител на Операција триумф.

Приватен живот

уреди

Во 2004 започнува врска со стопанственикот Горан Стаменковиќ. Во 2006 го најавија своето венчавање кое никогаш не се случи, за да во октомври истата година се роди нивната ќерка Ива. Во јули 2008 нивната врска заврши и таа со нејзината ќерка се отсели од нивната куќа.