Алексеј Ермолаевич Еверт бил еден од уважени генерали на руската царска армија, кој имал неколку контрадикторни одлуки поради кои се смета за виновен за дел од слабите резултати на руските сили на Источниот фронт.

Животопис

уреди

Алексеј е роден на 4 март 1857 година во Москва, потекнува од благородничко семејство на православни Германци. Во 1876 година дипломирал на Алекандровска воена школа. По дипломирањето служел во Волинск. Во воени операции по првпат учествивач во Руско-турската војна (1877-1878) каде стапил во акции 1877 година. Во 1882 Еверт дипломирал на Академија на генералштабот и останал во служба во Московскиот воен округ под команда на генералот Понтус Бреверн де ла Гардие.

Напредувал брзо а во 1904 година, Еверт учествувал во Руско-јапонската војна. По седум месеци во војната тој станал генерал-мајор под команда на главниот командант на сите руски копнени и поморски сили на Далечниот Исток, Адмирал Евгенј Иванович Алексеиев. Во војната се здобил со значакни одликувања, а во 1911 годин бил унапреден во чин генерал на пешсија во царската армија. Кон средина на 1912 година бил поставен за главен командант на Иркутски воен округ и стекнал титула на атаман.

Генерал Еверт се оженил со Надежда Познанска со која имал седум деца: Игнациј, Борис, Владимир, Софија, Валентина, Вера, Всеволод. Судбината на неговото семејство била трагична, синот Всеволод починал рано, синот Игнациј бил убиен во 1938 година, Софија и Валентина починаке во Москва, а сидбината на останатите е непозната.

За неговата смрт постојат неколку верзии. Според една бољшевистите го уапсиле и одвеле во затворот Мозхаиск каде бил убиен, според другата тој бил ослободен и се занимавал со пчеларство сè до неговата смрт на 10 мај1926 година. Како најверојатната верзија се смета дека бил убиен при апсењето и дека бил погребан на локалните гробишта без обележје.

Сепак како дата на неговата смрт се води 12 ноември 2018 година, кога бил уапсен.

Прва светска војна

уреди

На самиот почеток на војната 1914 године, генерал Еверт бил именуван да командува со Десеттата армија со која учествувал во првите напади на Прусија, но по неколку дена го заменил генерал-потполковникот Васили Флуг Еверт учествувал во Битка за Галиција и во Битката кај Висланскиот Залив. Во август 1915 година бил именуван за командант на западниот дел на Источниот фронт. Неговите сили одолевале на нападите на австроунгарски и германските сили ви офанзива за пробој на тој дел од фронтот отфрлиле нападот во реонот на Двинск, за што тој бил одликуван со највисоките признанија.

Брусиловата офензива

уреди

Според директиви на Главниот штаб на руската команда кон крај на априла 1916 година, офанзива на срединината за западниот дел од Источниот фронт му била доделена на генералот Еверт. Меѓутоа од различни причини и образложенија тој во неколку наврати одолговлекувал со почеток на операциите. Во тек на операциите во Брусиловата офанзива кога била побарана брза интервенција од него тој повторно одолговлекувал со што им овозможил на германските сили да ги средат своите редови и да добијат засилување.

Генералот Брусилов имал негативно мислење за генералот Еверт, со посебно нагласување дека е виновен за големи загуби и жртви на делот од фронтот каде Еверт оклевал да се вклучи во задавање на решителен удар на непријателот. По Брусиловата офанзива кога рускиот народ славел победа, за Еверт важело мислење дека е предавни, страшливец и дека нема воен талент.

Според повеќе извори тој бил нерешителен, а недостаток на талент бил посебно изразен во лети 1916 година во операциите во правец на Вилниус и на подрачјето на Барановичи. На почеток на 1917 година, генералот Еверт го предложил нападот на Вилниус, но на неговите планови се спротивставиле другите генерали, посебно Василиј Гурку и Александар Лукомски.

Наводи

уреди